Thursday, January 22, 2015

Топ 10 викенд понуди во хотелите во ски центарот Банско

Premier Luxury Mountain Resort  5*


Новиот луксузен хотел со пет ѕвезди во Банско, кој е дел од групацијата на Small Luxury Hotels of the World се наоѓа во подножјето на Пирин Планина и на околу 300 метри од ски гондолата. Располага со 111 луксузно опремени DBL соби, Executive апартмани со една и две спални како и колекција на Premier соби за оние кој го бараат најдоброто од луксуз, исклучителен дизајн и релаксирачка атмосфера со поглед кон планината. Разгледајте ја нашата специјална колекција на соби и апартмани, на овој линк. Гостите на хотелот имаат бесплатен трансфер од и до ски гондолата како и центарот на Банско. Овој хотелски комплекс располага со убави ресторани, барови, билијард бар, детска соба, продавници за сувенири и бутици, играчници за деца, салон за убавина, фризерски салон, Спа центар за релаксација кој е опремен со затворен топол базен со вода од 32 целзиусови степени, сауна, џакузи, турска бања, парна бања, хамам, фитнес сала, отворен базен и отворен и затворен паркинг за вашите возила.






    




Apart Hotel & Spa REGNUM


Овој хотел со 5* кој се наоѓа на околу 400 метри од ски лифтовите и 900 метри од центарот на градот, во самото подножје на планината Пирин и до реката Глазне. Опкружен со убава природа и со уникатен стил и дизајн, кој се разликува од типичниот традиционализам во одморалиштето, “REGNUM” е прекрасно место за релаксација, каде одличната услуга, удобност, луксуз и стил се склопени во едно. Модерниот Спа центар кој се протега на површина од 710м2 и Ви нуди најразлични процедури: затворен базен со дел за деца, затворен со балон базен со полу-олимписки димензии, 30 целзиусови степени топлина на водата од Декември до Април, две надворешни џакузиа, едно надворешно затворено џакузи, парна бања, простории за масажа, ВИП студио за масажа со џакузи, убави барови и ресторани, целосно опремена фитнес сала, која е совршено место за добра релаксација и подмладување. Хотелот со своите уникатни рекреативни објекти претставува All Season Resort со многу можности за забава и спортски активности во текот на зимата и целата пролет и лето сезона од Април до Ноември. Ресторанот во самиот хотел претставува пријатно изненадување со различни традиционални бугарски и интернационални јадења, како и автентична турска кујна. Во Apart Hotel & Spa Regnum секој ќе го најде своето соодветно место за одмор, релаксација, различен вид на активности и најдобрата уникатна атмосфера за бизнис состаноци, настани или приватни собири.
     






SPA Hotel Emerald 4*


SPA Hotel Emerald 4* се наоѓа на одлична локација, во строгиот нов центар на Банско и на само 100 метри од ски гондолата, со поглед кон планината и ски терените. Располага со двокреветни соби, опремени со ТВ со дигитални канали, гардеробер, 2 редовни и едно дополнително легло, купатило со када, фен за тело, апартмани со 1 и 2 спални со комплетно опремена кујна или вкупен капацитет од 450 легла. Хотелот располага со огромен лоби бар, каде гостите можат да уживаат во топлиот амбиент збогатен со бесплатните алкохолни и безалкохолни пијалоци како и со коктел на денот, основен ресторант каде се служи појадокот и вечерата како и бар Moris. Голем модерен Спа центар, член на групацијата Victoria & SPA, опремен со затворен, затоплен базен, сауна, парна бања, фитнес, џакузи, паркинг, ски гардеробер за сопствена опрема.






  
         
     


Perun Lodge 4*


Четириѕвездениот апарт хотел, се наоѓа во срцето на Банско, на само 5 минути, пешачење од гондолата и 20 минути од центарот на градот. Отворен во 2009 година и располага со 110 едноспални апартмани и 74 студиа опремени со телевизор, телефон, минибар, сеф, купатило со туш кабина или када и се што е неопходно за вашиот престој. За релаксација, хотелот на своите гости им нуди затворен базен, внатрешно и надворешно џакузи, сауна, парна бања, турска хамам бања, фитнес, бесплатен WiFi интернет, детско катче како и преубава зимна/летна градина.





     


Casa Karina 3*


Апарт хотелот се наоѓа во новиот центар на Банско, односно на околу 150м од SKI гондолата. Располага со лоби бар покрај затворениот базен и поглед кон Планината, ресторант од 180 места каде се служи појадокот и вечерата, SPA центар.  Сместување во студија и апартмани со една и две спални, модерно опремени со нов мебел, кујна, купатило, ТВ со кабловска и тераса. SPA центарот располага со: затворен затоплен базен со лежалки, сауна, парна бања, хамам, фитнес и релакс зона за масажа. Ви посакуваме пријатен престој.









Vihren Palace 4*


Луксузниот 4* VIHREN Palace хотел е лоциран на 80 метра от SKI гондолата и веднаш до Mall Bansko и на околу 500m од центарот на Банско. Располага со Студија и Апартмани со 1 спална за 2 и 4 лица, модерно опремени со нов мебел, ТВ, гардеробер, купатило, фен за тело, комплетно опремена кујна, балкон со поглед кон планината.. Хотелот располга со 3 ресторана, лоби бар, нокен клуб, модерен SPA центар со затворен, затоплен базен, сауна, кабинети за масажа, фитнес, паркинг.. Ујутниот амбиент и префинетост како и љубзниот персонал во хотелот ке Ви овозможат незаборавен престој.





  

Park Hotel Gardenia 4*


Парк Хотел Гардениа се наоѓа во строгиот центар на Банско. Располага со 84 двокреветни соби.Хотелот има централна клима, огромен Лоби бар со бесплатен Wi-Fi интернет, автентична кафеана каде се служи вечерата (шведска маса), ресторан во Италиански стил со тераса каде се служи појадокот (шведска маса), SPA центар (затворен базен, детски базен, сауна, парна бања, џакузи, фитнес…), менувачница, сервис за перење и пеглање како и игротека за деца, паркинг.







Bansko SPA & Holidays 4*


4* Bansko SPA & Holidays хотел се наоѓа во западниот дел на Банско со поглед кон Пирин и Рила Планина и на околу 500м од SKI гондолата и центарот на Банско. Располага со модерно опремени 97 соби и апартмани, опремени со: гардеробер, телефон, ТВ со сателитска, интернет, централна клима, сеф, мини бар, купатило со када, фен за тело, балкон.. електронско заклучување на врата со чип картичка.. Како дополнителни услуѓи на клиентите на располагање е room service, перење, пеглање, фризерски услуги, конференциска сала со 100 места.. За релаксација на гостите на располагање е огромен лоби бар, затворен затоплен базен, џакузи, сауна, релакс зона, фитнес, кабини за масажа, Меана во традиционален стил, како и бесплатен Wi Fi интернет и паркинг.. Ви посакуваме пријатен престој.





    




Maria Antoaneta Residence 3*


“Maria Antoaneta Residence” се наоѓа наспроти SKI стазата, веднаш до реката и над Mall Bansko.Хотелот се состои од 200 апартмани, од нив 75 за слободен прием на туристи распоредени во 5 одделни блока. Хотелот е идеално место за семеeнили романтичен одмор, ски одмор, спортски одмор во секое време од годината. Располага со DBL соби, Junior suite, One Bedroom suite како и One/Two bedroom апартмани за 4 и 6 лица сите опремени со: гардеробер; LCD-TV; балкон. 

Хотелски содржини: Рецепција и туристичка канцеларија; лоби бар; сеф; ресторан; Отворен базен со зона за релаксација; Лифтови во секој блок; Отворен и затворен паркинг; ски гардероба; безбедност – видео надзор; бесплатен Wi-Fi интернет; Спа центар (затоплен базен, сауна, парна бања, кабини за масажа…)





    

 За повеќе информации проверете нашиот веб сајт: http://kupinapopust.mk/



Wednesday, January 21, 2015

Сместување во најдобрите хотели во Банско



Зимата е уникатно годишно време кое нуди посебни услови, каде ладното нема ни да се осети како што се осеќа во нашиот главен град. Зимата се поминува на планина, во топол дом или пак во некоја убава куќарка со поставен убав камин, целата дрвена, а надвор околу неа има снег скоро 1 метар. Како би се чувствувал тогаш ако ме прашате, би ви одговорил дека тоа не се опишува со зборови.

Зимскиот ски центар во Бугарија има голем број на хотели во банско кои нудат прекрасни сместувања со спа центри, со вклучен полупансион и целосен пансион, зависно од хотелот, вклучен паркинг, интернет WiFi итн.

Банско е најмодерниот скијачки центар во Бугарија, кој се наоѓа во подножјето на Пирин планина, 160 километри од Софија. Ова планинско место со музеј за локалниот фолклор, стари традиционални градби, со новите и модерни хотели прераснува во најпрестижниот ски центар во Источна Европа. Како вистинска алтернатива на Алпите ќе најдете стази кои одговараат на сечиј вкус, од стази за почетници (30%) до стрмни стази (45%), некои и речиси вертикални (25%) стази за професионални скијачи. Ски центарот на љубителите им нуди околу 70 километри добро подготвени ски патеки. Прекрасно осветлена ски стаза од 16 километри опремена со снежни топови се протега се до гратчето Банско. Туристите често го бираат Банско бидејќи ја има најдолгата ски сезона во цела Бугарија. Од декември до мај често има снежни врнежи, и снежна покривка која овозможува одлично ски возење. Во случај да нема природни снежни врнежи тука се 230 снежни топови за вештачки снег кои овозможуваат покривање со снег на 100% од сите ски стази во ски центарот. Почетната станица се наоѓа на 2.5 км од центарот на градот, а од секој хотел има возила кои возат до почетната станица. Лифтот Ве носи до ски центарот кој е одалечен околу 12 км за само 20 мининути. Од таму има 14 модерни ски лифта распоредени на падините на планината овозможувајќи голем избор на ски патеки и пријатно ски возење. Ако не поседувате сопствени скии, можете да изнајмите скии или сноуборд опрема од најпознатите ски произведувачи. За најмладите постои Јуниор клуб кој овозможува многу забавни игри.

Сакам да ви ги понудам трите најдобри понуди за Банско во Хотел „Winslow Infinity & SPA“, на следниот линк:

 

Хотел „Winslow Infinity & SPA“







Хотелскиот комплекс Винслоу Инфинити & СПА е со четири ѕвезди и е голем проект на Винслоу Груп во Банско. Винслоу Инфинити & СПА се наоѓа на 400 метри од ски лифтовите, во подножјето на планината. Хотелскиот комплекс се состои од три хармонични згради со прекрасно уредена градина.
Хотелот располага со студија, апартмани со две, четири и шест легла. Сите апартмани и студија се опремени со тоалет, кујна, фрижидер, ТВ со кабелска, некои имаат камин и балкон.
Хотелот нуди многу удобности како внатрешен базен со топла минерална вода 28-29 степени, сауна, парна бања, џакузи, фитнес центар и катче за деца. СПА центарот Ви нуди максимално уживање и одмор.

Понуда:
„WInslow Infinity & SPA“ со зимска понуда за сите љубители на снегот! За само 1426 денари по лице добивате ноќевање со појадок, бесплатен транспорт до ски лифтовите и назад + бесплатно користење на базен со топла минерална вода, фитнес сала, сауна, лежалки, џакузи, парна бања и Wi-fi. Искористете го попустот од 43% и поминете го зимскиот одмор на Пирин планина!

Што добивате во овој хотел?


 Ноќевање со појадок за едно лице.
 Бесплатен превоз до ски лифтовите и назад.
 Бесплатно користење на базен со топла минерална вода (28-29°C).
 Бесплатно користење на фитнес сала.
 Бесплатно користење на отворено и затворено детско катче за најмладите.
 Бесплатно користење на сауна.
 Беслатно користење на џакузи.
 Бесплатно користење на парна бања.
 Бесплатно Wi-fi.
 Вклучена туристичка такса.
 Комплетно организиран зимски одмор!
Појаснување:
 Ваучерот е валиден при резервирање на студио или апартман со максимално искористување на лежаите.
 Пред да купите ваучер, потребна е претходна резервација во хотелот на тел: + 359 878 19 83 19 или на v.papeva@intersolutions-bg.com
 Откако ќе добиете потврдна информација од хотелот за периодот во кој сакате да престојувате, го купувате ваучерот од kupinapopust.mk
 Потребно е во рок од 24 часа да испратите e-mail на хотелот со единствениот код од ваучерот за потврда на резервацијата.
 Резeрвацијата во хотелот пожелно е да биде со исто име од меилот со кој се купува ваучерот.
 Дете до 6 години сместено со двајца возрасни кои плаќаат полн износ, добива бесплатно ноќевање.
 За две деца до 6 год. сместени со двајца возрасни кои плаќаат пол износ - за едното дете е бесплатно, а за другото се доплаќа ( 9,20 евра )
 За дете од 6 до 12 год. сместено со двајца возрасни кои плаќаат целосен износ, доплаќа  ( 9,20 евра )
 За трет возрасен и дете над 12 год. сместен на дополнително легло, се доплаќа ( 16,50 евра )
 Сите овие суми се доплаќаат директно во хотелот.
 При помалку од 20 гости истовремено, храната се служи по избор од мени, а при повеќе од 15 на шведска маса.
 Појадокот е од 7:30 до 9:30 часот.
 Во склоп на хотелот се наоѓа мини бар со удобен ентериер и камин, каде што можете да се опуштите, да го изгледате омилениот натпревар, да го испиете Вашето кафе или едноставно да уживате со некој пијалок.
 Во барот се служат сите видови на топли напитоци, алкохолни и безалкохолни пијалоци и апетисани.
 Сместување во собите од 14:00 часот.
 Напуштање на собите до 12:00 часот.

Хотел „WINSLOW HIGHLAND“




Апартманскиот Хотел Винслоу Хајленд е изгреден во 2008 година и е дел од комплексот на хотели Winslow. Се наоѓа во подножјето на планината Пирин, неколку згради над жичарница. Располага со 34 апартмани во компактна зграда, изградена согласно зимските услови, топла и пријатна.  Надворешниот и внатрешниот распоред на хотелот се дизајнирани на таков начин за да се вклопуваат со зимската слика. Хотелот има голем двор со вегетација, клупи и дрвени скулптури.
Персоналот на Винслоу Хајленд, може да помогне во организирањето на трансфери, јавање, изнајмување ски опрема, ски часови, како и организирање на екскурзии.




Понуда:
Апартманскиот хотел „Winslow Highland“ со зимска промотивна понуда на 35% попуст!
За само 1426 денари по лице добивате ноќевање, трансфер до ски лифтовите и назад и достапност на wi-fi во хотелот.
Искористете го снегот за незаборавна зимска авантура!
Добивате:

 Ноќевањe за едно лице.
 Бесплатен превоз до ски лифтовите и назад.
 Бесплатен wi-fi.
 Бесплатен паркинг.
 Вклучена туристичка такса.
 Опуштен зимски одмор во вистинска зимска идила!
Појаснување:
 Пред да купите ваучер, потребна е претходна резервација во хотелот на тел: + 359 878 19 83 19 или на v.papeva@intersolutions-bg.com
 Откако ќе добиете потврдна информација од хотелот за периодот во кој сакате да престојувате, го купувате ваучерот од kupinapopust.mk
 Потребно е во рок од 24 часа да испратите e-mail на хотелот со единствениот код од ваучерот за потврда на резервацијата.
 Резeрвацијата во хотелот пожелно е да биде со исто име од меилот со кој се купува ваучерот.
 Дете до 6 години сместено со двајца возрасни кои плаќаат полн износ, добива бесплатно ноќевање.
 За две деца до 6 год. сместени со двајца возрасни кои плаќаат пол износ - за едното дете е бесплатно, а за другото се доплаќа 40% од цената ( 9 евра или 18 лева )
 За дете од 6 до 12 год. сместено со двајца возрасни кои плаќаат целосен износ, се доплаќа 40% од цената ( 9 евра или 18 лева )
 За трет возрасен и дете над 12 год. сместен на дополнително легло, се доплаќа 70% од цената ( 16 евра или 31,5 лева )
 Сите овие суми се доплаќаат директно во хотелот

 

 

Хотел „WINSLOW ELEGANCE“



Винслоу Елеганс е станбен хотел, кој се состои од две згради и внатрешен двор и припаѓа на комплексот Winslow. Хотелот се наоѓа на 900 метри од првата станица на жичарница за ски патеките, во тивка населба, далеку од градскиот бучава. Хотелот располага со отворенo игралиште, скара и градина.
Сите апартмани во Винслоу хотелите се целосно опремени со современа кујна, фрижидер, како и трпезарија. Некои од становите имаат и камини на располагање. Сите апартмани имаат кабловска телевизија, пријатни се и пространи и украсени со слики.

Понуда:
„Winslow Elegance“ со неверојатно ниска понуда за зимски одмор во Банско!
За само 1116 денари добивате ноќевање за едно лице, бесплатен превоз до ски лифтовите и назад и достапност на wi-fi во целиот комплекс.
Искористете го попустот од 35% и доживејте ја снежната идила на Пирин планина!
Добивате:
 Ноќевање за едно лице.
 Бесплатен превоз до ски лифтовите и назад.
 Бесплатен wi-fi.
 Бесплатен паркинг.
 Вклучена туристичка такса.
 Комплетно опуштање на сите Ваши сетила од секојдневниот метеж и уживање во снежните падини на планината Пирин!
Појаснување:
 Пред да купите ваучер, потребна е претходна резервација во хотелот на тел: + 359 878 19 83 19 или на v.papeva@intersolutions-bg.com
 Откако ќе добиете потврдна информација од хотелот за периодот во кој сакате да престојувате, го купувате ваучерот од kupinapopust.mk
 Потребно е во рок од 24 часа да испратите e-mail на хотелот со единствениот код од ваучерот за потврда на резервацијата.
 Резервацијата во хотелот пожелно е да биде со исто име од меилот со кој се купува ваучерот.
 Дете до 6 години сместено со двајца возрасни кои плаќаат полн износ, добива бесплатно ноќевање.
 За две деца до 6 год. сместени со двајца возрасни кои плаќаат пол износ - за едното дете е бесплатно, а за другото се доплаќа 40% од цената ( 7 евра или 14 лева )
 За дете од 6 до 12 год. сместено со двајца возрасни кои плаќаат целосен износ, се доплаќа 40% од цената ( 7 евра или 14 лева )
 За трет возрасен и дете над 12 год. сместен на дополнително легло, се доплаќа 70% од цената (13 евра или 25лева )
 Сите овие суми се доплаќаат директно во хотелот.

Повеќе информации за останатите понуди во банско можете да ги разгледате на следниот линк:

Следете на нашите социјални мрежи:
Google plus: https://plus.google.com/u/0/113058932063824740837/posts