Thursday, January 22, 2015

Топ 10 викенд понуди во хотелите во ски центарот Банско

Premier Luxury Mountain Resort  5*


Новиот луксузен хотел со пет ѕвезди во Банско, кој е дел од групацијата на Small Luxury Hotels of the World се наоѓа во подножјето на Пирин Планина и на околу 300 метри од ски гондолата. Располага со 111 луксузно опремени DBL соби, Executive апартмани со една и две спални како и колекција на Premier соби за оние кој го бараат најдоброто од луксуз, исклучителен дизајн и релаксирачка атмосфера со поглед кон планината. Разгледајте ја нашата специјална колекција на соби и апартмани, на овој линк. Гостите на хотелот имаат бесплатен трансфер од и до ски гондолата како и центарот на Банско. Овој хотелски комплекс располага со убави ресторани, барови, билијард бар, детска соба, продавници за сувенири и бутици, играчници за деца, салон за убавина, фризерски салон, Спа центар за релаксација кој е опремен со затворен топол базен со вода од 32 целзиусови степени, сауна, џакузи, турска бања, парна бања, хамам, фитнес сала, отворен базен и отворен и затворен паркинг за вашите возила.






    




Apart Hotel & Spa REGNUM


Овој хотел со 5* кој се наоѓа на околу 400 метри од ски лифтовите и 900 метри од центарот на градот, во самото подножје на планината Пирин и до реката Глазне. Опкружен со убава природа и со уникатен стил и дизајн, кој се разликува од типичниот традиционализам во одморалиштето, “REGNUM” е прекрасно место за релаксација, каде одличната услуга, удобност, луксуз и стил се склопени во едно. Модерниот Спа центар кој се протега на површина од 710м2 и Ви нуди најразлични процедури: затворен базен со дел за деца, затворен со балон базен со полу-олимписки димензии, 30 целзиусови степени топлина на водата од Декември до Април, две надворешни џакузиа, едно надворешно затворено џакузи, парна бања, простории за масажа, ВИП студио за масажа со џакузи, убави барови и ресторани, целосно опремена фитнес сала, која е совршено место за добра релаксација и подмладување. Хотелот со своите уникатни рекреативни објекти претставува All Season Resort со многу можности за забава и спортски активности во текот на зимата и целата пролет и лето сезона од Април до Ноември. Ресторанот во самиот хотел претставува пријатно изненадување со различни традиционални бугарски и интернационални јадења, како и автентична турска кујна. Во Apart Hotel & Spa Regnum секој ќе го најде своето соодветно место за одмор, релаксација, различен вид на активности и најдобрата уникатна атмосфера за бизнис состаноци, настани или приватни собири.
     






SPA Hotel Emerald 4*


SPA Hotel Emerald 4* се наоѓа на одлична локација, во строгиот нов центар на Банско и на само 100 метри од ски гондолата, со поглед кон планината и ски терените. Располага со двокреветни соби, опремени со ТВ со дигитални канали, гардеробер, 2 редовни и едно дополнително легло, купатило со када, фен за тело, апартмани со 1 и 2 спални со комплетно опремена кујна или вкупен капацитет од 450 легла. Хотелот располага со огромен лоби бар, каде гостите можат да уживаат во топлиот амбиент збогатен со бесплатните алкохолни и безалкохолни пијалоци како и со коктел на денот, основен ресторант каде се служи појадокот и вечерата како и бар Moris. Голем модерен Спа центар, член на групацијата Victoria & SPA, опремен со затворен, затоплен базен, сауна, парна бања, фитнес, џакузи, паркинг, ски гардеробер за сопствена опрема.






  
         
     


Perun Lodge 4*


Четириѕвездениот апарт хотел, се наоѓа во срцето на Банско, на само 5 минути, пешачење од гондолата и 20 минути од центарот на градот. Отворен во 2009 година и располага со 110 едноспални апартмани и 74 студиа опремени со телевизор, телефон, минибар, сеф, купатило со туш кабина или када и се што е неопходно за вашиот престој. За релаксација, хотелот на своите гости им нуди затворен базен, внатрешно и надворешно џакузи, сауна, парна бања, турска хамам бања, фитнес, бесплатен WiFi интернет, детско катче како и преубава зимна/летна градина.





     


Casa Karina 3*


Апарт хотелот се наоѓа во новиот центар на Банско, односно на околу 150м од SKI гондолата. Располага со лоби бар покрај затворениот базен и поглед кон Планината, ресторант од 180 места каде се служи појадокот и вечерата, SPA центар.  Сместување во студија и апартмани со една и две спални, модерно опремени со нов мебел, кујна, купатило, ТВ со кабловска и тераса. SPA центарот располага со: затворен затоплен базен со лежалки, сауна, парна бања, хамам, фитнес и релакс зона за масажа. Ви посакуваме пријатен престој.









Vihren Palace 4*


Луксузниот 4* VIHREN Palace хотел е лоциран на 80 метра от SKI гондолата и веднаш до Mall Bansko и на околу 500m од центарот на Банско. Располага со Студија и Апартмани со 1 спална за 2 и 4 лица, модерно опремени со нов мебел, ТВ, гардеробер, купатило, фен за тело, комплетно опремена кујна, балкон со поглед кон планината.. Хотелот располга со 3 ресторана, лоби бар, нокен клуб, модерен SPA центар со затворен, затоплен базен, сауна, кабинети за масажа, фитнес, паркинг.. Ујутниот амбиент и префинетост како и љубзниот персонал во хотелот ке Ви овозможат незаборавен престој.





  

Park Hotel Gardenia 4*


Парк Хотел Гардениа се наоѓа во строгиот центар на Банско. Располага со 84 двокреветни соби.Хотелот има централна клима, огромен Лоби бар со бесплатен Wi-Fi интернет, автентична кафеана каде се служи вечерата (шведска маса), ресторан во Италиански стил со тераса каде се служи појадокот (шведска маса), SPA центар (затворен базен, детски базен, сауна, парна бања, џакузи, фитнес…), менувачница, сервис за перење и пеглање како и игротека за деца, паркинг.







Bansko SPA & Holidays 4*


4* Bansko SPA & Holidays хотел се наоѓа во западниот дел на Банско со поглед кон Пирин и Рила Планина и на околу 500м од SKI гондолата и центарот на Банско. Располага со модерно опремени 97 соби и апартмани, опремени со: гардеробер, телефон, ТВ со сателитска, интернет, централна клима, сеф, мини бар, купатило со када, фен за тело, балкон.. електронско заклучување на врата со чип картичка.. Како дополнителни услуѓи на клиентите на располагање е room service, перење, пеглање, фризерски услуги, конференциска сала со 100 места.. За релаксација на гостите на располагање е огромен лоби бар, затворен затоплен базен, џакузи, сауна, релакс зона, фитнес, кабини за масажа, Меана во традиционален стил, како и бесплатен Wi Fi интернет и паркинг.. Ви посакуваме пријатен престој.





    




Maria Antoaneta Residence 3*


“Maria Antoaneta Residence” се наоѓа наспроти SKI стазата, веднаш до реката и над Mall Bansko.Хотелот се состои од 200 апартмани, од нив 75 за слободен прием на туристи распоредени во 5 одделни блока. Хотелот е идеално место за семеeнили романтичен одмор, ски одмор, спортски одмор во секое време од годината. Располага со DBL соби, Junior suite, One Bedroom suite како и One/Two bedroom апартмани за 4 и 6 лица сите опремени со: гардеробер; LCD-TV; балкон. 

Хотелски содржини: Рецепција и туристичка канцеларија; лоби бар; сеф; ресторан; Отворен базен со зона за релаксација; Лифтови во секој блок; Отворен и затворен паркинг; ски гардероба; безбедност – видео надзор; бесплатен Wi-Fi интернет; Спа центар (затоплен базен, сауна, парна бања, кабини за масажа…)





    

 За повеќе информации проверете нашиот веб сајт: http://kupinapopust.mk/



No comments:

Post a Comment