Monday, January 12, 2015

Голем број на понуди за зимскиот центар Банско,Бугарија 2015



Снегот сам по себе прави да се чувствуваш исполнето, но и сам по себе прави да ти е ладно од што неможеш ни да ги завршиш своите обврски кои следат во текот на денот. Епа падна првиот снег во Македонија, по планините е веќе спремно за скијање, релаксирање и опуштање со своите најблиски. Некои веќе се тргнати по викендиците за празниците што доаѓаат а пак некои им е вече здосадено од нашите простори па бараат да прошетаат надвор од границите на нашата земја Македонија. Најчесто македонците ги посетуваат скијачките и туристичките локации кои се наоѓаат во соседните држави, а многу ретко патуваат на Алпите во Франција, Швајцарија, Италија итн.

Јас обожавам снег ама само на планина. Предноста е тоа што таму снегот е убав не е помешан со дожд, не е водест, може да се скија, да се вози сноуборд, да се тркала во него и еден куп други работи што ги нуди зимското годишно време. Прекрасната белина не е истата белина како и во градот Скопје, или пак некој друг македонски град овдека. Од Македонија би ги издвоил Берово, Попова Шапка, Маврово и Кожув.

Па искрено е најблиску, цените се реално достапни скоро за сите, нуди одлични услови за зимување, а најважно од се супер ски терени, за да можам да си ја испробам новата даска и опрема за бордање. Уфф едвај чекам, замислете каков адреналин е тоа.



Освен природните убавини, банско има голем број на кафани, механи, каде се служи прекрасна гурманска и вегетаријанска храна. Одлични закуски, греано вино за убави спомени, и еден куп топли напитоци, дружба од соништата со своите најблиски, со еден збор овој зимски ски центар е идеално место за мене а и за вас.

Ние од kupinapopust.mk нудиме огромен број на понуди за ова идеално место, со попусти дури и до 90%, лесно достапни за сите купувачи, и сите оние кои имаат голема желба да присуствуваат на ова прекрасно место, да уживаат во прекрасните пејсажи, да се релаксираат, и најдоброто од се за мене е тоа што конечно ќе го доловам потребниот адреналин.

Се ова функционира на еден едноставен начин, седнуваме пиеме по три до четири ракии, зимска опрема се облекува комплетно, даската на грб и тргаме нагоре до врвот.

Чувството е неопишливо, не се објаснува со зборови, затоа би ви предложил на овој следен линк да ги проверете сите понуди за Банско, и што е можно побрзо да одите, поради навала од туристи,затоа бидете први што ќе ги купите овие понуди, и разгледајте ги хотелите кои нудат одлични сместувања и услови од кои ќе бидете изненадени и вчудоневидени.

За сите љубители на скијањето не се потребни зборови да се опишат ски центрите во Банско. Кои веќе скијаат, знае какви се ски терените таму, оние пак кои сакаат да научат да скијаат, Банско е вистинско место да се почне со практикат. Зборувањето за чистиот воздух и одморот нема збор, одете па искусете. Никој не се вратил незадоволен.

За повеќе информации посетете ја нашата официјална веб страна 

http://kupinapopust.mk/all/category/%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-25  и одберете ја вашата понуда купувајќи го ваучерот што го нудиме.


Пријатен зимски одмор во ски центарот Банско.

No comments:

Post a Comment