Monday, January 12, 2015

Банско зима 2015



Со радост и носталгија се присетуваме на убавите и безгрижни моменти од детството и разните игри и спортови кои сме ги играле и практикувале. Полни со енергија, со часови сме биле физички активни, а кога игрите завршувале и кога слаткиот замор следувал, целата снага се опуштала, апетитот бил силен, а спиењето цврсто и ревитализирачко. Дел од нас аматерски или професионално тренирале некој спорт, кој им донел не само телесни благодети туку и многу признанија и награди.
Во понатамошниот живот како што обврските ни се зголемувале за време на школувањето и подоцна преку работата една од работите кои ја поднесуваме како жртва на истенченото време е спортот. Со годините знаат да не завладеат и инертноста и мрзеливоста кои дополнително не одалечуваат од раздвижување. И за крај енергијата, физичката сила и мускулатурата одат во надолна линија со стареењто што е и дополнителен изговор да не се изложуваме на физички активности. Креираме оправдувања и ги храниме затоа што знаеме да се движиме по линија на помал отпор, а кога се работи за нешто што бара физички напор отпорот достигнува највисоко ниво.
Понуди за спортскиот ски центар Банско, сноубординг и скијање достапно и во ноќните часови. Повеќе информации на следниов линк:


Локација:

Банско е ски и планински ресорт кој е лоциран во јужнозападниот дел на Бугарија. Градот е на 6 км од разлог и на 160 км од главниот град Софија. Банско лежина две страни, на реката Глазне и на стапалото на планината Пирин, точно на највисокиот дел. Пирин е планина од Алпински тип, со највисокиот врв Вихрен 2914 м.  Градот Банско е лоциран на 925 м надморска височина, а ски терените се на 2000 до 2600м надморска височина.

Ресорт информации:

Банско ресортот е атрактивен во сите сезони. Овозможува одлични ски и сноуборд терени, а и уникатна историја и интересна архитектура во стариот и новиот дел од градот. Со оглед на овие работи Банско е омилената ски и сноуборд дестинација. Банско е број еден ски ресорт во Бугарија. Ски сезоната во Банско трае од 15ти декември до 15ти мај.


Медицински и дентал услуги:

Амбулантите на ски ресортите работат 24/7 , имаат и итни патроли што располагаат со одлични услови. Тотално опремени болници, стоматолошки ординации и фармации се достапни во градот Банско.



Јас би ви препорачал неколку места за зимскиот одмор/распуст, како што се Златибор, Боровец, Алпите во Австрија, Копаоник, Маврово, Попова Шапка, Берово, Осоговските планини, дел од селскиот туризам како што се Лазарополе и Галичник. Најдоброто место за уживање го оставам како последно и најлесно достапно скоро за секој човек, а тоа е зимскиот ски-туристички центар Банско. Нуди прекрасни услови, планински воздух, убави луѓе, убава атмосфера, одлични скијачки терени, ски-лифтови, прекрасни пејсажи што ги нуди планината Пирин.

Посетеноста на оваа локација во зимскиот период е секоја година во поголем подем, голем број на луѓе од Европските држави го посетуваат овој прекрасен зимски центар на збиднувања кој нуди прекрасни услови.

Скромно, но се позачестено се развиваат и хотелските сместувања како и локалитетите и во нашата Македонија, покрај традиционалниот Охрид, приватни и модерни сместувања никнуваат и низ природните околини на Крушево, Берово, Битола, Маврово, Лазарополе и останати домашни прекрасни места кои се на дофат на рака, со пристојни цени и на само 200-300 километри од нас. Освен овие наши места за патување тука се и зимските центри во овој дел од годината, т.е зимскиот период каде Банско е најпосетуван ски центар во Европа.
За жал се помалку време имаме за некое убаво патување.

Современиот начин на функционирање подразбира кусок на време и финансии и растргнатост помеѓу фамилијарните и работните обврски од една страна и работните задачи и кариерата од друга, давајќи ни малку изгледи да направиме некој чекор во некоја убава дестинација. Дополнителен и отежнувачки фактор е и тоа што сакаме да направиме добар избор и да донесеме правилна одлука за нашиот одмор, а и немаме доволно познавање од самите области, сместувањето и условите нити пак имаме доволно време да се фокусираме на тоа.

Патувањата неразделно се асоцираат со годишните одмори. Логично, тогаш имаме време да се посветиме и да уживаме во некоја друга дестинација и локација, да спакуваме куфери и безгрижно да отпатуваме и да се опуштиме. Не само што обично поретко патуваме во периодот кога не сме на годишен одмор туку и воопшто и не размислуваме за тоа. Со самото тоа периодот посветен на патување во текот на целата година најчесто е во рамките од 10 до 20 дена, што не е ни 10% од вкупниот број на денови во една година.

Понуди за спортскиот ски центар Банско, сноубординг и скијање достапно и во ноќните часови. Повеќе информации на следниов линк:


Имајте пријатен викенд во Банско.
Следете на нашите социјални мрежи:

No comments:

Post a Comment