Friday, January 9, 2015

Настани, забава и релаксација за 2015 година во ски центарот Банско




Овој викенд во Банско се случува голем концерт и тоа на хип хоп артистот Слаткаристика од Скопје, Македонија. Концертот ќе се одржи утре на 10ти Јануари во клубот Џек Хаус, каде придружба ќе му прават ДЈ Оки Доки и Аце НЛ, а специјален гостин ќе биде Изо Хасарта од познатата бугарска група Апсурд. Истоимениот хип хоп артист, по 10 дена, на 20ти Јануари ќе одржи по вторпат концерт во градот Софија, во клубот Микс Тејп 5, со истата екипа, а тоа ќе му биде како голема отскочна даска, со што ќе постигне и голема слушаност од Бугарската публика. Он вооедно и до сега е следен од оваа публика, но по снимениот спот како ONE SHOT од бугарската продукција Facing The Sun, се здоби со многу поголема популарност и побарувачка во оваа соседна држава.



Освен овој вид на настани во Банско, се случуваат голем број на фестивали поврзани со зимските спортови, некои забави кои ги приредуваат невладините организации со цел да се испромовираат нивните услуги, производи, а со тоа и ги социјализираат луѓето и ги запознаваат со нови работи, стекнувајќи нови искуства.



Ски центарот Банско е прекрасен, има прекрасни хотели со погледи кон скијачките терени, хотели со спа центри, хотели со полни и полу пансиони, хотели од сите различни видови на вкусови, а и вооедно ексклузивни хотели за побарувачката на луѓето од повисоката класа.
Не гледано на тоа каде ќе бидете сместени, туку гледаме на тоа како ќе си поминеме таму, а искуството на досегашните туристи укажува добри спомени и поминувања во овој ски центар.

Понудите,условите и сместувањата можете да ги погледнете на линкот подоле:

Во Европа е меѓу првите пет најпосетувани зимски туристички дестинации. Нуди предобри услови, убава и вкусна храна, одлична услуга и гостопримство према посетителите на високо ниво, запазено со сите марифети.
Кога станува збор за зимските спортови, тогаш ова е место и за аматери и за професионалци, место каде можете за доста ефтини пари да си пружите одлично задоволство. Ски лифтови, ски патеки, ски терени, санкање, скијање, бордање, релаксирање и максимално уживање во преубавиот ски центар Банско.








Банско преставува совршен микс на традиционална и современа забава што го прави одлична дестинација токму по наш вкус. Градот се наоѓа во јужнозападниот дел на Бугарија сместен под падините на Пирин планина. Популарниот скијачки центар е сместен на 927м надморска височина и го посетуваат луѓе од целиот свет. Иако Банско има што да понуди во сите сезони во годината со своите шарматни улички, историски и културни споменици и хотели од висока класа, сепак зимата е период кога најмногу се доживува духот и позитивното расположение на гостите.




Ние како kupinapopust.mk следејќи ги трендовите во туризмот и се поголемиот интерес за Банско одлучивме со посебно внимание да се посветиме на ова познато одморалиште со тоа што отворивме посебна категорија само за него. Во зависност од вашиот буџет, како и вашите барања постојано склучуваме договори со хотелиерите со кои ќе бидат задоволени вашите желби за идеален одмор. Прифатливите цени и високото ниво на сместување се најважните аспекти кои ние се потрудивме да ги обезбедиме за вас. Клкнете Like на нашата фејсбук фан страна и пријавете ја Вашата електронска адреса на нашата официјална веб страна kupinapopust.mk и ќе бидете во секое време запознаени со понудите што ова преубаво место ги нуди. Големиот избор на активности, сместување и комодитети Ви овозможува да го доживеете и уживате Банско на Ваш начин.

За повеќе информации околу понудите и нивните попусти конкретно за овој зимски центар можете да ги најдете на следниов линк.

Повеќе информации за патувања во Македонија и надвор од неа, а и други различни дестинации во странство, погледнете на линкот подоле:


Следете не и на нашите социјални мрежи:


No comments:

Post a Comment