Tuesday, January 20, 2015

2015 Најдобрите понуди за Банско ски ресорт



Многу другари,другарки,пријатели и пријателки во последниов месец целовремено ми ги поставуваат прашањата каде ќе го поминам зимскиот период, т.е каде ќе го поминам Јануари и празниците што се во него.

Со мојата најблиска се договоривме зимава да останеме во Скопје, но нормално дека некој викенд од месецот ќе ја дувнеме од смогот,смрадот, стравот и чадот на градот. Имам желба да повозам сноуборд на падините на Пирин, тука во Македонија освен Попова Шапка скоро никаде на друго место не ми е филм да возам, веќе ми е испробано.

Затоа, секојдневно пребарувам по интернет добри ефтини понуди за три четири дена, во превод еден викенд да се релаксирам и уживам во зимската идила.



На веб страната kupinapopust.mk успеав да најдам доста добри понуди за зимскиот ски центар Банско. Ги разгледав, размислив и си одбрав една добра понуда, некаде околу 50,60 евра потребни за сместување, со вклучен превоз преку дел од нашите туристички агенции, појадок и вечера исто така вклучени во понудата, супер хотел со спа центри, базени, и добри ресторани низ градот.

Скоро сите хотели се близу ски лифтовите и ски терените, а тоа ми е најважно на мене, поради тоа што викендов  се спремам да го искористам убавото време, без врнежи од снег, а тоа е идеално време за возење борд.



Луѓе незнаете какво е чувството кога возиш борд, незнам за скии ама бордањето е еден феноменален адреналин кој не се опишува со зборови, мора да го искусите за да знаете за што станува збор.

Мојот предлог за да одберете некое од нашите патувања, секако е Банско. Неколку пати сум имал прилика да го посетам, да уживам во неговите прекрасни убавини, пејсажи, да скијам, да возам сноуборд и друго. Кога веќе станува за сноуборд е тоа е веќе мојата слаба точка, ама да не претерувам можам да кажам дека тоа ми е еден од омилените спортски активности. Не многу сакам снег, ама кога одам на планина на неколку дена, нема никакво друго задоволство што може да го покрие задоволството што го нуди чистиот воздух, снегот, планината, топлиот дом, закуските, пијанките и голем број на дружења во Банско.

Понуди за Банско 2015 година:
http://kupinapopust.mk/all/category/%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-25 



Ние како kupinapopust.mk следејќи ги трендовите во туризмот и се поголемиот интерес за Банско одлучивме со посебно внимание да се посветиме на ова познато одморалиште со тоа што отворивме посебна категорија само за него. Во зависност од вашиот буџет, како и вашите барања постојано склучуваме договори со хотелиерите со кои ќе бидат задоволени вашите желби за идеален одмор. Прифатливите цени и високото ниво на сместување се најважните аспекти кои ние се потрудивме да ги обезбедиме за вас. Кликнете Like на нашата фејсбук фан страна и пријавете ја Вашата електронска адреса на нашата официјална веб страна kupinapopust.mk и ќе бидете во секое време запознаени со понудите што ова преубаво место ги нуди. Големиот избор на активности, сместување и комодитети Ви овозможува да го доживеете и уживате Банско на Ваш начин.

За повеќе информации околу понудите и нивните попусти конкретно за овој зимски центар можете да ги најдете на следниов линк.



No comments:

Post a Comment