Tuesday, December 30, 2014

Банско Хотели



Кога сме кај снегот,празниците,уживањето, релаксирањето, еуфоријата за нова година каде ќе ја поминеме таа луда и незаборавна вечер итн.

Хотелите во Банско се одлични, со незаборавни услуги, спа центри, уживање во најдобрите ски терени и ски лифтови, зимски спортови и друго.

Сакам да ви ги понудам убавите услови и услуги што ги нуди хотел SASHA – Банско.

Хотел „Sasha“ – Банско



Хотелот се наоѓа во југозападниот дел на Банско, на 650 метри од почетна станица на ски лифтовите. Опкружен со недопрена природа и прекрасни природни пејсажи, ви нуди можност за одличен одмор и вистинска релаксација.
Ќе се чувствувате како дома, а сте далеку од дома. Располага со студиа, двокреветни соби и апартмани. Сите се со поглед кон раскошната природа на Пирин планина. Сауната е направена по најнови стандарди и има капацитет од 3 до 6 луѓе. Ресторанот има капацитет од 40 гости.

Што добивате од овој хотел?

·         Ноќевање
·         Појадок
·         Ужина
·         Вечера
·         Користење на сауна
·         Бесплатен паркинг простор
·         Ски гардероба
·         WiFi интернет
·         Вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на оброците
·         Апсолутно се што ви е потребно за беспрекорен одмор, вистинска релаксација и незаборавно уживање



Појаснување за како да дојдете до овој хотел и да ги искористите неговите услови:

Пред да го купите ваучерот задолжителна е претходна резервација во хотелот на маил: 
info@pmhotels.net. Откако ќе добиете потврдна информација од хотелот за периодот во кој сакате да престојувате, го купувате ваучерот од kupinapopust.mk . Потребно е во рок од 24 часа да испратите маил на хотелот со прикачен ваучер од кај нас како потврда дека можете да го користите попустот.

·         За деца до 4 години е бесплатно
·         За деца од 4 до 12 години се доплаќа 50% од вкупната сума
·         Сите овие суми се доплаќаат директно во хотелот
·         Понудата не важи за Новогодишните и Божиќните празници



Услови и услуги што ги нуди хотел Bansko Royal Towers:


Bansko Royal Towers



Подарете си за вас и Вашето семејство еден убав одмор во луксузен апартман во прекрасното Банско, на падините на Пирин планина во комплексот Bansko Royal Towers. Ние Ви нудиме можност да се сокриете од летните горештини и од вашите работни обврски во прекрасниот амбиент на комплексот со поглед на Пирин планина, надворешен базен со лежалки и чадор, целосно опремен СПА Центар, надворешно детско катче, игралиште за одбојк, пингпонг, пикадо, ресторан со надворешна тераса и богато мени, подготвено од нашите готвачи, гостопримлив персонал и големо позитивно расположение ..

Bansko Royal Towers се состои од 12 блока, секој на 5 ката со посебен влез. Апартманите се состојат од две спални и дневна со кујна, бања, туш кабина и тераса. Секој апартман е опремен со телевизор, ДВД, кабелски интернет, телефон и комплетно опремена кујна, ладилник, микробранова,тостер,кафемат,чајник, комплет прибор и др. Овој хотел располага со надворешен базен со лежалки и чадор, целосно опремен СПА центар, надворешно детско катче, игралиште за одбојка, пин понг, пикадо,ресторан со надворешна тераса и богато мени подготвено од најдобрите готвачи, гостопримлив персонал и големо позитивно расположение ..
Комплексот има капацитет од 200 легла ( 100 редовни и 100 дополнителни легла ). Комплексот е лоциран во југозападниот дел на градот Банско,покрај реката Глазне.




Понудата за овој хотел е следната:

За само 2728 денари ( 44 евра ) добивате ноќевање за 2 лица во луксузен апартман со вклучен појадок, бесплатно користење на СПА центар, фитнес сала, еден час на спортските терени, интернет и паркинг во Bansko Royal Towers. Искористете го попустот од 45% и уживајте во убавините на Банско.

Доколку имате потреба од  друг вид на понуди или пак да ги разгледате останатите хотели во Банско, посетете ја нашата веб страна kupinapopust.mk и на следниов линк проверете ја категоријата Банско:

http://kupinapopust.mk/all/category/%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-25

Monday, December 29, 2014

Сместување во Bansko Royal Aparthotel



Падна првиот снег во Скопје,конечно и ние малце да видиме чист воздух. Ама проблемот е во тоа што станува премногу ладно, патиштата се затворени, плановите за Нова Година се одложуваат е тоа е зимското невреме, се е замрзнато цел месец уфф страшно.
Затоа решението е планина, има многу снег, но сувиот студ е намален, поради обилните врнежи од снег. Но ако ве затрупа снегот тогаш останувате подолго на планина отколку што сте замислиле. Само да знаете дека треба да се обезбедите со исечени дрва за целиот месец а може и два,поради тоа што најавата за зимава кажува дека обилните врнежи нема да прекинат.
Банско е идеално место за уживање на ова време, има многу снег но и услови да се справиш со него, нормално е тоа на место каде снегот не ги “изненадува“ во декември хахаха.
Во Скопје имаше изјава дека снегот ги изненадил повторно а тоа е 27ми декември, замислете како е возможно снегот да изненади во сред зимско годишно време, ама тоа е мојата чудесна земја Македонија.
Кога сме кај снегот и Банско, малце да позборуваме сакав за тоа дали ви одговараат цените оваа година во Банско или сепак би оделе во Маврово. Логично е дека нема да идете во Маврово, цените се поставени како да сте на Алпите а не на планината Бистра во Маврово. Не дека го омаловажувам овој скијачки центар ама приоритет е да се помине по ефтино иако знаеме дека зимскиот одмор е многу поскап од летниот, факт.
На нашата веб страна имаме голем број на понуди од хотелите во банско па сакам да ви понудам неколку интересни понуди кои ние ги нудиме. Доколку сте сами и имате желба само да скијате или бордате, ова е идеална понуда за вашето сместување.

Royal Bansko Aparthotel



Комплекс Ројал Банско е изградена во 2008 година. Тој се состои од четири блока, кои се наоѓаат во една зграда. Уникатната глетка која се набљудува од комплексот го прави екслузивна атракција како во зима, така и во текот на летото. Мирот и тишината што гостите можат да го почуствуваат и најдат го претвораат во еден од најпосетените комплекси во Банско. Се наоѓа на околу 750 метри од почетна станица на жичарницата и на околу 350 метри од ски патеката.
Комплексот располага со СПА центар кој опфаќа затворен базен, кој во текот на летото може да се користи и како отворен кога вратите се отвораат и се излегува во градината. Две сауни, две парни бањи и фитнес центар. Има свој ресторан и лоби бар, паркинг.
Ројал Банско располага со четири вида апартмани- студио, пентхаус, едноспален и двоспален стан, од кои секој е опремен во целост, вклучувајќи и со кујнска опрема, што создава дополнителни удобности за незаборавен одмор во Банско.

Понуда:


За 1240 денари (20 евра) добивате едно ноќевање за едно лице на база полупансион  (појадок+вечера), плус добивате бесплатно користење на затворен базен со минерална вода, бесплатен превоз до гондола, безбеден паркинг, детско катче, фитнес, сауна, парна бања. Искористете го попустот од 50% во хотел Royal Bansko Aparthotel  и имајте совршен зимски одмор.
Оваа понуда е феноменална, достапна скоро за секоја особа, воопшто не е скапа, поготово за сите овие работи што ги нуди самата понуда.


Што добивате?


·         Едно ноќевање во студио за едно лице на база полупансион (со вклучен појадок и вечера)
·         Бесплатно користење на затворен базен со минерална вода
·         Бесплатно користење на фитнес, сауна, парна бања
·         Бесплатен превоз до гондола
·         Безбеден паркинг
·         Детско катче
·         Хотелско осигурување и туристичка такса
·         Одлична можност за релаксирање и уживање во снежниот и прекрасен Банско
Валидноста на ваучерот подигнат преку kupinapopust.mk , е од 02.01.2015 до 31.01.2015 година. За искористување на попустот потребно е да се оствари минимум 2 ноќевања од страна на едно лице.

Како да го купите ваучерот?

Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во хотелот +359 893 414 992 или на email: reservation@royalbansko.com  за да резервирате соба. По потврдната информација дека има слободна соба во од 24 часа го купувате ваучерот. Единствениот код од ваучеротго испраќате на email на хотелот како доказ дека сте платиле. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете ваучерот испечатен со единствениот код кој претходно сте го испратиле на email на хотелот.
·         Максималниот капацитет на студиото е 2 возрасни и 1 дете до 4 години.
·         Максимален капацитет на едноспален апартман е 2 возрасни + 1 возрасен; 2 возрасни + 2 деца до 4 години; 2 возрасни + 1 дете до 14 години
·         Максимален капацитет на двоспален апартмане 4 возрасни + 1 возрасен; 2 возрасни + 2 деца до 4 години; 4 возрасни + 1 дете од 4 до 14 години
·         За деца до 4 години е бесплатно
·         За деца од 4 до 7 години се доплаќа 40% од цената на редовно легло директно на рецепција во хотелот
·         За деца од 14 до 17 години се доплаќа 80% од цената на редовно легло директно на рецепција во хотелот
·         За возрасен се доплаќа 75% од цената на редовно легло директно на рецепција во хотелот

Програма за полупансион

·         Појадок/ 07:30 – 10:00 часот
корнфлекс, мусли, кравјо сирење, кашкавал, шунка, колбаси, шпеков салами, маслинки, домати, краставици, млеко,јогурт, млеко свежо, пржени јајца, варени јајца, пржени парчиња, мини кроасани, баница со сирење, мекици, слатко, мед, масло, овојше според сезоната, леб, кафе, чај, сок од пост микс.
·         Вечера/ 19:00 – 21:00 часот
Секоја вечер различни готвени јадења од различни интернационални кујни, 3 видови салати, скара, во соодветно врем, скара во дворот на комплексот, различни видови на месни и безмесни мезе и јадења, десерти и овошје, леб.

За повеќе информации проверете на нашата веб страна, во категоријата Банско на следниов линк:

http://kupinapopust.mk/all/category/%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-25

Wednesday, December 24, 2014

Условите кои ги нуди ски ресортот Банско



Добро утро. Уште едно ладно утро во градот Скопје, ама овој пат замрзнато се, степени под нулата, луѓето завиткани во шалови, покриени со дебели бунди, капи на главите, и целосна зимска опрема за да се заштитат од овој ладен бран.
Загадениот воздух, самата гужва не тера да почнеме да размислуваме како да се тргнеме од овој хаос, од маглата што секојдневно се повеќе и повеќе ја има во Скопје. Индустриите не превземаат ништо, за да најдат решение за испуштените гасови што ги дишеме, решение да се тоа се острани или намали, да се воведе ред зашто е претерано загаден воздухот во нашиот град.
Доаѓа Нова Година 2015, па почнуваат секаков вид на планови, каде ќе одиме, што ќе правиме оваа зима, и каде за целиот празничен одмор, како ќе го искористиме овој слободен простор што зимата ни го овозможува.

Го препорачувам Ски Центарот Банско,Бугарија.

Банско Ски терени


Цената на дневниот ски билет чини 55 лева или околу 28 евра, па моето мислење кажува дека не е многу скапо, но самите вие пресметајте дали е тоа скапо или ефтино. Но едно добро да знаете дека ќе скијате на истите стази на кои скијала речиси целата светска елита во овој вид на спорт, почнувајќи од Алберто Томба, Херман Маер, Ања Персон, Линдзи Вон и други ..
На стартот пред почетната станица на гондолата во Банско или како што самите Бугари го нарекуваат „кабинков лифт“, сабајлето во девет часот е вистински хаос од луѓе, турканици и гужви насекаде. Едно јануарско утро, бев таму на истото место во таа огромна толпа на луѓе, со бордот на грб и чекам ред во долгата колона, каде имаше луѓе од сите места во светот, зборуваа на различни јазици. За да се дојде до место во гондолата се чекаше подолго од половина час, со што и се осеќаше нервоза кај луѓето. Но таа нервоза не е како во 5ка автобус со градска линија во Скопје, туку снегот и најубавото зимско сонце ти прават да бидеш многу поопуштен и смирен. Но нестрпливоста е преголема за да се качиш горе на скијачките стази распослани на северните падини на планината Пирин.

Понекогаш природата и човекот умеат да создадат прекрасни дела, а овој зимски скијачки центар е доказ за тоа. Од многу мал скијачки центар со неколку жичарници и ски лифтови, и стари хотели, за десетина години, малото гратче со околу 10 000 жители се претвори во балканскиот Сент Мориц. За тоа придонесоа изградбата на голем број нови хотели и инвестицијата од 130 милиони евра во модерен ски центар. 
Денеска Банско е најатрактивната зимска дестинација во Бугарија, но и во регионот, со скијачка сезона која трае речиси половина година.
Од градот до скијачките терени може да се стигне со автомобил или пак со гондола. Потребни се околу 25 минути и со едното и со другото превозно средство. Но јас би го одбрал возењето со гондола поради тоа што е многу поинтересно, но и поскапо логично. Билетот за еден билет чини десет евра. Кога се возите во гондолата или на некоја од жичарниците можете да приметите туристи од различни места, бидејќи Банско привлекува туристи од цела Европа и Светот. Најбројни од сите според мене се Англичаните и Русите, реално им е многу ефтино затоа и се најбројни, но не заостануваат ниту посетителите од соседните земји Македонија,Грција,Србија и Романија. Годишно Банско го посетуваат над 600.000 туристи. Прекрасната природа и дивите планински предели наликуваат на зимски пејсаж насликан од рацете на врвен сликар. Особено е импресивен погледот додека се возите на жичарницата кон највисоката скијачка патека Бундерица која се наоѓа на надморска височина од 2560 метри.
Само да ве предупредам оваа ски патека не е дозволена за секого, не смеете да бидете аматер на скиите или пак на сноубордот, се препорачува доста искуство, поради тоа што ова задоволство може да ве чини живот. Брзината со која се спуштате надоле е педесетина километри на час, по добро подготвената ски теренска патека. И нормално следува загревање со кафе или пак добро чајче кое не ве чини многу едно до две евра, или пак некое пивце. Вкупната должина на 16те скијачки стази е над 75 километри а цената на дневниот ски билет чини 55 лева или околу 28 евра, па самите пресметајте дали е тоа лесно достапно за вас или пак ви изгледа многу скапо. На истиве ски патеки скијале и најпознатите скијачи од целиот свет како Алберто Томб, Херман Маер, Ања Персон и многу други.

Како еден од 5те ски центри во Европа, Банско е рај за релаксација.

На нашата веб страна можете да ги најдете сите понуди поврзани со Банско и сите од нив имаат минимум  50% попуст, со одлични сместувања ..

Повеќе информации на следниов линк:



Monday, December 22, 2014

Уникатниот ски ресорт Банско

Уште само 10 дена до најдобрата, најневообичаената и најлудата ноќ. Но не за секого оваа ноќ е луда, за голем дел од луѓето е ноќ која ја поминуваат со своите најблиски во мирна и тивка атмосфера, во својот дом или пак во својата викендичка некаде на планина или пак во било каква природа, надвор од галамата, далеку од хаосот, гужвите и обврските што секојдневно ги имаме.
Го препорачувам зимскиот центар Банско, идеално место за уживање и релаксација. А за љубителите на зимските спортови ова е идеално место за своите почетоци а има и терени за искусни возачи на скии и сноуборд.
Банско е естаблирано зимско одморалиште и одличен ски-центар и не само во Бугарија, туку и во цела Европа. Во својство на зимско одморалиште е број еден во Источна Европа,а со тоа Банско беше совршен домаќин на на Светското првенство, а во 2011 година беше прогласен за зимски град на Балканот. Во 2013 и во 2014 година, е добитник на наградата за најдобро зимско одморалиште во Бугарија од страна на Ски награди на Академијата.

Во 2015 година ќе биде домаќин на скијачкото Светско првенство Банско 2015 за дами. Супер велеслалом и алпска комбинација за дами на 28ми февруари и 1ви март 2015 година. До денес градот под планината Тодорка е домаќин на четири светски првенства и веќе се естаблира како и дел од семејството на Зимските Светски првенства.

Зачуваниот автентичниот дух на многу Банско таверни, во комбинација со прекрасните услови за ски, се претвори во одморалиште, во омилено место за Божиќ прослави за многу Бугари и странски гости. Специјални промоции, културни настани и други атракции.

Неколку зборови би кажал за ноќта на 31ви Декември. Оваа Ноќ на Новата година во било кои хотели, барови и дискотеки во Банско е ... загарантирана да биде гласна, весела, често незаборавна забава! Специјални гости, музика, DJ-и, бројни познати личности се претвори во центар на пулсирачко место на насмевки, снег и многу музика.

18 јануари 2015/ Светскиот ден на снегот ..


Светскиот ден на снегот, прекрасната ФИС иницијатива, која започна во 2009 година, веќе е редовен годишен настан во Банско и станува вистинска прослава на снег и зимски спортови, насочени главно кон деца и млади скијачи. Церемонијата обично има специјален гостин - ски легенда и во минатото тука беа имиња како Марк Girardelli и Алберто Томба.
Одлични забави,одлично евенти кои изобилуваат со различни музичари од целиот свет. Се ова собрано на едно место.

Погледнете го ова видео од фотографии и ќе пробате барем малку да го доловите филингот што го нуди Банско.


Повеќе информации во врска со понудите за овој зимски ски центар на следниов линк:

Кој е вашиот план за зимскиот одмор?

 

Денеска едвај се разбудив сабајле,ладно камен, а треба да станам да се облечам и да тргнам на работа. Од што ми е толку убаво,топло, а надвор демек некое сонце грее, ама сонце со заби, гризе, сув студ, ама убав чист воздух.
Излегувам од дома, се качувам во автобус и тргам за на работа. По пат гледам по планините бела покривка, паднало снег скоро секаде. Ми се борда ми се плаче, ама како кога сум на работа од 9 до 5 како да возам борд кога не сум во можност.

Мојата работа е SEO, не би се сакал да се пожалам, но би било поубаво да работам сам од дома, во домашни услови, каде креативноста би била подобра и поефикасна, а не да се мрзнам на работа, зашто газдата ми штеди струја, ми се качува на глава за да сум проверел некои глупости, или пак дали банерот или сликата имале добар квалитет. Абе незнам како да му кажам дека јас сум Content Writer, Online Marketing, поима неам од дизајнот на сликите и банерите, ама исто како на дрво да му збориш, во моментот разбира и по некое време се тоа изветреало.

После сите обврски наутро, размислувам на убави нешта сега, а тоа е како да се разбудам на некоја планина, со многу снег, во топол дом покрај топол камин, ѓумбе сеедно ми е не дека мора да биде камин. Убавината во се тоа е кога твојата најмила лежи до тебе, надвор вее снег без прекин, се полни белата покривка.
Само што дојдов на работа, и дознавам дека една од понудите за зимскиот центар Банско е одлична, многу ефтина, па одма сакам да си ја букирам за себе.


Зoшто Банско?


Па искрено е најблиску, цените се реално достапни скоро за сите, нуди одлични услови за зимување, а најважно од се супер ски терени, за да можам да си ја испробам новата даска и опрема за бордање. Уфф едвај чекам, замислете каков адреналин е тоа.
Освен природните убавини, банско има голем број на кафани, механи, каде се служи прекрасна гурманска и вегетаријанска храна. Одлични закуски, греано вино за убави спомени, и еден куп топли напитоци, дружба од соништата со своите најблиски, со еден збор овој зимски ски центар е идеално место за мене а и за вас.

Ние од kupinapopust.mk нудиме огромен број на понуди за ова идеално место, со попусти дури и до 90%, лесно достапни за сите купувачи, и сите оние кои имаат голема желба да присуствуваат на ова прекрасно место, да уживаат во прекрасните пејсажи, да се релаксираат, и најдоброто од се за мене е тоа што конечно ќе го доловам потребниот адреналин.
Се ова функционира на еден едноставен начин, седнуваме пиеме по три до четири ракии, зимска опрема се облекува комплетно, даската на грб и тргаме нагоре до врвот.

Чувството е неопишливо, не се објаснува со зборови, затоа би ви предложил на овој следен линк да ги проверете сите понуди за Банско, и што е можно побрзо да одите, поради навала од туристи,затоа бидете први што ќе ги купите овие понуди, и разгледајте ги хотелите кои нудат одлични сместувања и услови од кои ќе бидете изненадени и вчудоневидени.

Букирајте си додека е време !

Се гледаме во Банско оваа зима 2014/2015.

Понудите на следниот линк:




Friday, December 19, 2014

Каде за Нова Година?



Уште неполн месец и доаѓа денот за забава. Преполн со изненадувања денот сам по себе си носи одлични спомени. Нова Година е поим што не често се случува т.е тоа е еднаш во годината. Тоа е тоа што овој ден го прави посебен. Но освен оваа работа , овој ден го прават посебен повеќе нешта, што укажуваат дека празникот се ближи или пак веќе стигнал.
Подароците, спремањето на трпезата, зимската идила, светилките , украсите, огнометите, големите забави, журки, фестивали, организирани концерти сето тоа е дел од Нова Година.
Нашата препорака е каде да ја поминете оваа прекрасна вечер. Дали сакате да одите на некое патување со вашата или пак вашиот најблизок, дали сакате да ја поминете дома со вашите најблиски пријатели во топла атмосфера или пак нешто друго, прашање е вкусот на луѓето.
Уживањето и опуштањето на овој ден е задолжително, потребно е многу храна и пиење, да знаете дека тој период од годината обавезно ја зголемувате тежината, само можете да се запрашате дали можете да одолеете на овие убави вкусни меса од прасе, некое добро пилешко што ќе не задоволи со полно срце, некое добро вино што ќе ја стопли таа атмосфера покрај некој камин.

Јас минатата година не излегов од државата за Нова Година, бев во нашиот источен град Берово. Имаше снег до половина, со еден збор вееше снег без да прекине 52 часа. Бевме затрупани два дена, не отидовме ни до продавница, јадевме тоа што имавме останато и погледот ни беше упатен низ прозорот со цел дека снегот ќе намали. Знаете дека најдобро чувство е кога ќе заврне толку снег, што убавината доаѓа по неговото прекинување.
Прекрасна зимска идила доживувате кога сте во Берово, поготово делот кај Беровското Езеро. Ова езеро во зима е предобро, има црвена боја, алгите зреат, излегуваат на површина и езерото добива таков сјај како од бајките.

За нова година е посебно од било кој период од годината. Тогаш Берово е преполно со туристи. Храната во дел од кафанчињата е супер вкусна, ја имам пробано, истестирано, ефтино, достапно за секого. Најубавиот момент што јас го имам доловено и осетено на себеси е шопската салата, ништо поразлична од нашата овде во Скопје, ама начинот на кој што ја сервираат и служат е многу уникатен. Во овој период од годината, нова година, оваа салата ја носат во посебни чинии, ама тие чинии се посебни поради тоа што тии чинии се од топло, крцкаво, печено во фурна лепче. Салата се растура целата, а чинијата е прва што ја започнувате да ја јадете. Ова е салата каде чинијата не се враќа назад туку целата е во вашиот стомак. Примамливо нели.

Затоа ви ги препорачуваме промотивните понуди преку веб страната www.kupinapopust.mk, поточно категоријата Банско, Патувања и Нова година каде ќе најдете примамливи аранжмани по супер промотивна цена. 

Повеќе инфо на следниве линкови:


Новата година прославете ја опуштено и конзумирајте умерено храна и алкохол. Бидете во друштво кое ви одговара и споделете љубов со луѓето од вашето опкружување. Така секоја нова година ќе си поминувате убаво и ќе доживеете убави моменти на кои со радост ќе се сеќавате.



Зимската идила Банско



Кога доаѓа зимскиот период почнуваме да размислуваме каде да одиме со своите најблиските , својата најблиска или најблизок за да се одмориме и релаксираме од веќе постоечките обврски што ни следуваат и што до сега сме ги имале.
Пред некоја година научив да бордам со даска, од кога се качив првпат несакав да се симнам. Токму во Банско научив да возам сноуборд. Искрено никогаш не сум знаел дека тоа е најубавото чувство и еден добар адреналин што ми овозможува прекрасно чувство, исполнетост и уживање.

Бугарија е земја со многу предности, често луѓето од Македонија патуваат за оваа земја, не само во зимскиот период, туку голем број од нив одат на шопинг во Софија, Благоевград, Пловдив, а во летниот период се користи одличниот ноќен живот, плажите на Црно Море и преубавите хотели со базени, спа центри и сите ексклузивни потреби, со еден збор оваа земја има многу повеќе да понуди од Банско ски центарот.

Но кога станува збор за сега, за нова година, се одвиваат патувања за овој зимски центар во преголем број, преплавено е од туристи, кои најчесто ги користат веќе постоечките понуди на попуст на нашата веб страна kupinapopust.mk , каде можете да ги разгледате сите можни понуди, не само за Банско,туку за неколку видови на локации за релаксирање и опуштање далеку од  метежот кој секој ден  го среќаваме.



Мојот предлог за да одберете некое од нашите патувања, секако е Банско. Неколку пати сум имал прилика да го посетам, да уживам во неговите прекрасни убавини, пејсажи, да скијам, да возам сноуборд и друго. Кога веќе станува за сноуборд е тоа е веќе мојата слаба точка, ама да не претерувам можам да кажам дека тоа ми е еден од омилените спортски активности. Не многу сакам снег, ама кога одам на планина на неколку дена, нема никакво друго задоволство што може да го покрие задоволството што го нуди чистиот воздух, снегот, планината, топлиот дом, закуските, пијанките и голем број на дружења во Банско.

Ние како kupinapopust.mk следејќи ги трендовите во туризмот и се поголемиот интерес за Банско одлучивме со посебно внимание да се посветиме на ова познато одморалиште со тоа што отворивме посебна категорија само за него. Во зависност од вашиот буџет, како и вашите барања постојано склучуваме договори со хотелиерите со кои ќе бидат задоволени вашите желби за идеален одмор. Прифатливите цени и високото ниво на сместување се најважните аспекти кои ние се потрудивме да ги обезбедиме за вас. 

Клкнете Like на нашата фејсбук фан страна и пријавете ја Вашата електронска адреса на нашата официјална веб страна kupinapopust.mk и ќе бидете во секое време запознаени со понудите што ова преубаво место ги нуди. Големиот избор на активности, сместување и комодитети Ви овозможува да го доживеете и уживате Банско на Ваш начин.

За повеќе информации околу понудите и нивните попусти конкретно за овој зимски центар можете да ги најдете на следниов линк:




Thursday, December 18, 2014

Новогодишни празници во Банско


Времето се наближува полека до новогодишните и божиќните празници, се наближува една убава прекрасна вечер помината на најубавото место, место од соништата, каде знаете дека тој ден е ден на уживање, јадење, пиење, тотално опуштање во светлиот весел ден Нова Година. Оваа година следна не чека со голем број изненадувања, влегуваме со полн елан во неа, со нови работни сили, редиме нови успеси, со еден збор гледаме како нашата иднина да ја скроиме и испланираме по свој ред и план, а со тоа го градиме нашиот живот, стил на функционирање кој ни овозможува подобро чувство во самите себе.

Нова Година е посебен ден за сите луѓе, ден кога сите се насекаде, во голема празнична еуфорија. Ако ме прашувате мене како сум го испланирал овој ден, искрено ќе ви одговорам дека незнам сеуште што ќе се случува оваа вечер или пак тој испланиран викенд.

Станува збор дека овој ден е посебен за луѓе кои сакаат да заминат надвор од нашата земја, на неколку дена, ги букираат веќе постоечките понуди на нашата веб страна Kupinapopust.mk, дел од нив се со голем попуст, попуст и до 50% на понудите во категориите Патувања и Банско. Прекрасна локација во Македонија е и градот Берово, кој во зимскиот период има преубава атмосфера, а дел од таа атмосфера е белата покривка т.е снегот, кој во делот кај езерото има посебна убавина, поради тоа што самото Беровско езеро има посебна боја со црвена нијанса, а алгите во него се размножуваат во овој период од годината. Глетката не се опишува со зборови.

Кога станува збор за подароците од оваа вечер, е тоа е омилениот дел што следува. Малите деца се најсреќните оваа вечер и овој период на новогодишни и божиќни празници, добиваат пакетчиња, некои ги чекаат во своите домови под Новогодишната елка, супер изненадувања, многу храна, благо и друго.

Мојот омилен дел од нова година, е делот кога се јаде многу, од сите видови на различна храна која ни ги нуди нашата трпеза, кога се пие црвено вино и се ужива во топлата атмосфера покрај некој си камин, со својата најблиска. Нова Година се слави секаде во светот, а во главните градови секоја година се одржуваат различни видови на манифестации, концерти на познати личности, предобри огномети од кој најдобар ми е тој во New York, Usa.
Ние сме одличен тим, нашата веб страна котира како една од топ 5 веб страни кои имаат секаков вид на понуди за нова година во банско, и не само понуди имаме новогодишни подароци за сите возрасти.

На овој линк http://kupinapopust.mk/all/category/%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-25, ги има сите информации поврзани со нова година 2015. Доколку нешто одберете исконтактирајте не на нашиот е маил, или пак на телефоните во контакт делот на страната.

Kupinapopust.mk е посебна веб страна со посебен дух дозволува секаков вид можности, плаќање онлајн со купони или пак со трансакциска сметка.

Нашиот маркетинг го следат многу посетители дури и преку 100,000.
Следете на нашите социјални мрежи:



За Нова година во Банско


Како што одминува месец  Декември така се зголемува новогодишната еуфорија поврзана со тоа каде ќе се слави и со кого. Реално владее и малку напнатост помеѓу луѓето и обично помладите луѓе го доживуваат тој ден како некаков спектакл кој треба да се одбележи со голема прослава. Петарди, конфети, огномет , украси, елки, дедо мразовци и друго се само дел од амбиентот со кој се обележуваат новогодишните празници. Славењето на овој ден различно се доживува во секоја земја во зависност од културата и менталитетот на населението. Кај нас, во Македонија, често се прославува на плоштад затоа што секогаш има организирано концерт и огномет. Некои одлучуваат да останат дома, а помладите се собираат по станови или пак одат на некое патување.
Интересна за анализа и дебата е психологијата на луѓето на тој празничен ден. Нова година е, сите се среќни, владее еуфорија на опуштеност и блискост. Зарем не треба така да го живееме секој ден!? Постои притисок дека на тој ден треба да се јаде и пие повеќе, да се пее и игра повеќе од нормално. Чуден е тој феномен на доживување на новогодишната ноќ.
Како што луѓето стареат, така и созреваат и се помалку еуфорично го доживуваат овој ден. Многу луѓе на овој ден се коцкаат со цел да си ја пробаат среќата и да видат дали во наредната година ќе им тргне на арно од финансиска гледна точка. На овој ден се случуваат и многу нови познаства помеѓу младите. Нова година е, сите се малку поопуштени и отворени кон запознавање. Навистина чудна е психологијата на луѓето на овој ден.



Наша препорака како еден од подобрите начини да се прослави нова година е да се замине на некое патување. Патувањето може да биде во некој нов град или на планина во некое туристичко место.  Во Македонија, а и во нејзиното соседство има многу турустички центри кои нудат одлични услови за незаборавно доживување. Вреди да се напоменат Банско, Боровец, Пампорово, Златибор, Копаоник, Маврово кои не само со својата природна убавина, туку и со изградената инфраструктура нудат одлични услови за незаборавен одмор и прослава за новогодишните празници.


Како би требало новогодишната ноќ да изгледа?


Прашање е на вкус, но секако би било прифатливо уживање за секого доколку се соберете со пријатели покрај камин, отворите домашно црвено вино, подготвите убава скара. Добрата музика и одбраното друштво се секако еден од клучните фактори за добра забава. Со добар муабет и позитивни луѓе околу вас нема ни да осетите кога дошло 12 часот кога почнува одбројувањето и дочекот на новата година. Не сте ни приметиле кога и малку сте се опиле од убавата атмосфера и вкусното вино и еве веќе сте во новата година. Без напнатост, притисок и принудена еуфорија. Едноставно и убаво. Така би требало да се прославува секоја нова година. Викаат како ќе ви тргна на првиот ден од новата година, така ќе ви тера низ целата година. Затоа, само опуштено...:)

Често ќе наидеме на изрека или оправдување од многу луѓе во стилот:
Јас знам како да ја прославам новата година и каде да одам, ама нема пари.
Затоа ви ги препорачуваме промотивните понуди преку веб страната www.kupinapopust.mk, поточно категоријата Банско, Патувања и Нова година каде ќе најдете примамливи аранжмани по супер промотивна цена. 

Повеќе инфо на следниве линкови:


Новата година прославете ја опуштено и конзумирајте умерено храна и алкохол. Бидете во друштво кое ви одговара и споделете љубов со луѓето од вашето опкружување. Така секоја нова година ќе си поминувате убаво и ќе доживеете убави моменти на кои со радост ќе се сеќавате.

Имајте убав празничен зимски одмор во Банско.

   

Wednesday, December 17, 2014

Сноубординг и скијање во Банско

             Со радост и носталгија се присетуваме на убавите и безгрижни моменти од детството и разните игри и спортови кои сме ги играле и практикувале. Полни со енергија, со часови сме биле физички активни, а кога игрите завршувале и кога слаткиот замор следувал, целата снага се опуштала, апетитот бил силен, а спиењето цврсто и ревитализирачко. Дел од нас аматерски или професионално тренирале некој спорт, кој им донел не само телесни благодети туку и многу признанија и награди.
Во понатамошниот живот како што обврските ни се зголемувале за време на школувањето и подоцна преку работата една од работите кои ја поднесуваме како жртва на истенченото време е спортот. Со годините знаат да не завладеат и инертноста и мрзеливоста кои дополнително не одалечуваат од раздвижување. И за крај енергијата, физичката сила и мускулатурата одат во надолна линија со стареењто што е и дополнителен изговор да не се изложуваме на физички активности. Креираме оправдувања и ги храниме затоа што знаеме да се движиме по линија на помал отпор, а кога се работи за нешто што бара физички напор отпорот достигнува највисоко ниво.

Понуди за спортскиот ски центар Банско, сноубординг и скијање достапно и во ноќните часови. 

Повеќе информации на следниов линк:


           
     

             Ако запрашате било кој лекар и стручно лице од областа на медицината ќе ви одговори дека спортот заедно со исхраната и навремената грижа за здравјето се тројството кое е клучно во одредувањето на вашата здравствена состојба и животен век. Со малку истражување на интернет може да дојдете до научните податоци за директното влијание на спортот во превенцијата на една голема листа на заболувања и многу повеќе од тоа, влијанието на спортот на нашата ментална состојба и активност, намалувајќи го стресот и ослободувајќи поголема количина на еден мешавински коктел од хормони кои продуцираат оптимизам, исфрлање на негативната енергија, динамичност во размислувањето, концентрацијата и критичкото резонирање. Во здраво тело, здрав дух е изрека која е со генерации пренесувана како универзална водилка во секое општество.  

Дали знаете дека најстариот човек што се искачил на највисоката планина на светот Монт Еверест имал 80 години или дека постојаното спортување значително го забавува стареењето на организмот, атрофирањето на мускулите, поттикнувајќи активен метаболизам?
Кога сме веќе кај Монт Еверест, сакам да ви напоменам дали сте биле некогаш во Банско, дали сте ги пробале тие одлични ски терени, преубави стази за сноубординг, и најубавото од се ноќното скијање или бордање. Како возач на борд можам да кажам дека спортските активност поминати во Банско, Бугарија се незаборавни. Спортувањето ти прави да си посреќен, да се чувствуваш исполнето, и снежната идила е прочистување на вашите дишни патишта.

Најбитниот чекор е првиот, поместувањето од моменталната точка на дејствување, понатаму кога сето тоа ќе стане рутина ќе се прашувате зошто претходно не сте се решиле на тој чекор. Како верижна реакција тој ваш избор може да се пренесе на семејството и најблиските, така што колективно не само што ќе стекнете една од најздравите навики туку и колективно ќе го збогатите вашиот заеднички фамилијарен живот зближувајќи се на најдобриот можен начин.
Добрата вест е што трендовите од запад за здрав живот и спортски активности се повеќе почнуваат да се практикуваат и кај нас. Пропорционално со зголемениот интерес се зголемија и инвестициите во спортските објекти, облека и опрема како и фирмите кои нудат производи и услуги од спортската дејност.  Најуспешните од нив се фокусирани кон потребите на луѓето во денешницата,  земајќи ги во предвид спортовите кои се претпочитани од купувачите, условите, достапноста на производите и услугите притоа балансирајќи ги сите фактори кои се важни во целокупноста на спортските активности.

Нашата задача е да ги лоцираме токму овие фирми и да ви ги ги овозможиме Вам најдобрите услови за спортување по најпристапните цени. Без оглед кој спорт ве исполнува, колку време имате на располагање, сумата од домашниот буџет која може да ја одвоите, нивото на Вашата моментална физичка кондиција, без разлика дали преферирате нешто поадреналински и повозбудливо или нешто порелаксирано и поблиску до вашето место да живеење, ние како kupinapopust.mk континуирано се трудиме вие да имате широк избор на понуди од кои може да одберете.

Посетете го зимскиот центар Банско, разгледајте ги понудите и цените што ги нуди самиот ски центар, па се гледаме зимава таму.

Посетете ја нашата веб страна на следниов линк:



Патувања во Банско,Бугаријa

           Често сме заробени во стеги на монотонија, репетитивно секојдневие, дежаву дневни активности, додека во себе чувствуваме потреба од инспирација, макар и краткотрајна промена, различно поднебје, бегство од рутината, како и учење нешто ново различно и интересно.
Во сржта на човековата природа е љубопитството, истражувањето, учењето, размената на идеи и замисли, откривањето на нови култури и средини. Патувањата се духовна храна која ги дразни токму тие инспиративни и креативни центри кои континуирано и неуморно бараат разгалување. Кога ќе размислите за убавите моменти и спомени од вашите животи често пати патувањата биле токму дел од тоа. На патувања се запознаваат нови луѓе, се раѓа нова романса и љубов. Исто така се збогатуваме со нови глетки, нови пејзажи, учиме за историјата на некој народ, пробуваме нова храна, полеваме нови искуства во нашиот живот, се развиваме внатре. Музеите, историските споменици, културни манифестации, локалитетите и знаменитостите се неизоставен дел доколку се одлучиме за патување во урбана средина. 

Од друга страна пак благопријатното и медитативно дејство на природата, чистиот воздух, рекреативните и спортските активности како скијањето, пливањето, искачувањето и слично се благодетите кои ни ги овозможува патувањето во  природните средини. Тука се секако и хотелските услуги и комодитетите што тие ги нудат, бањите, сместувањето, спа центрите и сауните, масажите, персоналот кој е тука за ваша обврска да биде единствено опуштањето. И повеќе од познато е здравствениот ефект што патувањата го имаат. Самиот факт што менуваме средина го разбива секојдневното делување и ни ја поттикнува фантазијата, активностите за време на патувањата го зацврстуваат апетитот за телесна и ментална стимулација, го оставаме стресот од работа подобрувајќи го со тоа дејствувањето на целиот организам, и секако патувањата имаат вистинско и моќно афродизијачко дејство.
  
Скромно, но се позачестено се развиваат и хотелските сместувања како и локалитетите и во нашата Македонија, покрај традиционалниот Охрид, приватни и модерни сместувања никнуваат и низ природните околини на Крушево, Берово, Битола, Маврово, Лазарополе и останати домашни прекрасни места кои се на дофат на рака, со пристојни цени и на само 200-300 километри од нас. Освен овие наши места за патување тука се и зимските центри во овој дел од годината, т.е зимскиот период каде Банско е најпосетуван ски центар во Европа.
За жал се помалку време имаме за некое убаво патување. 

Современиот начин на функционирање подразбира кусок на време и финансии и растргнатост помеѓу фамилијарните и работните обврски од една страна и работните задачи и кариерата од друга, давајќи ни малку изгледи да направиме некој чекор во некоја убава дестинација. Дополнителен и отежнувачки фактор е и тоа што сакаме да направиме добар избор и да донесеме правилна одлука за нашиот одмор, а и немаме доволно познавање од самите области, сместувањето и условите нити пак имаме доволно време да се фокусираме на тоа. Патувањата неразделно се асоцираат со годишните одмори. Логично, тогаш имаме време да се посветиме и да уживаме во некоја друга дестинација и локација, да спакуваме куфери и безгрижно да отпатуваме и да се опуштиме. Не само што обично поретко патуваме во периодот кога не сме на годишен одмор туку и воопшто и не размислуваме за тоа. Со самото тоа периодот посветен на патување во текот на целата година најчесто е во рамките од 10 до 20 дена, што не е ни 10% од вкупниот број на денови во една година.

Убавината на патувањата и благодетите што тие ги нудат од една страна, а недостаткот од време, средства и организација од друга отвараат комплексни прашања. Како да го зголемам  обемот на моите патувања и посетени места? Дали ќе успеам да го искоординирам домашниот буџет согласно моите желби за одмор? Како да знам дека ја одбирам вистинската дестинација со најдобрите услови?

Предизвикот за нас како kupinapopust.mk е да ве одведеме Вас до идеалните патувања.  Одбираме квалитетни угостители, притоа договарајќи најповолни цени. Патувањата не мора да бидат само службени и за време на годишниот одмор ниту пак мора да бидат скапи. Ние ви нудиме широк избор на типови на патувања од еднодневни екскурзии до дводневни и викенд дестинации, празнични понуди и секако повеќедневни и годишни одмори.  Без разлика кои и да се вашите побарувања, доколку ја посетите нашата веб страна и доколку ја оставите вашата е-маил адреса нашиот тим ќе биде вашиот водич низ патувањата.

Проверете ги нашите понуди за Банско на нашата веб страна:


Tuesday, December 16, 2014

Одлични понуди за зимскиот одмор 2015


Природата е најубавата и најсмирувачка средина за човекот. Најчесто живееме во градови кои се се почесто загадени, преурбанизирани, погледот на бетон и асфалт го заменува погледот на дрва и зеленило, додека ние сме презафатени со работа и останати обврски често полни со стрес, нервоза и притисок. Загаденоста и сивилото делува негативно на психо-физичкото здравје.  Да се вратиме во природата, советуваше своевремено и големиот филозоф Жан Жак Русо.

Природата повеќекратно дејствува на нашето здравје и расположение. Чистиот воздух, пејзажите, прошетките и спортовите кои се достапни ни овозможуваат да ја отстраниме негативната енергија, да го активираме организмот и да ги организираме нашите мисли давајќи ни ја неопходната свежина која ни е се повеќе потребна.  Трендот во западните земји се движи кон зачестување на спортските и рекреативните активности на отворено во природа. За благопријатното дејствување на природата сведочат и многубројните научни истражувања од различни институции  и научници.



За жал се помалку наоѓаме време и средства да се посветиме кон природата и нејзиното благотворно внимание. Тој процес неретко бара средства и време кои се поретко ги имаме во достапност, често правејќи ја таа жртва за сметка на заштеда на времето за домашните обврски и финансии, оправдано гледајќи на тоа како еден вид на луксуз. Друг проблем претставува и сместувањето во хотелите кои се наоѓаат во природа во наша близина при што тие се или несоодветно опремени, застарени и неадекватни или доколку се на задоволително ниво тогаш обично имаат и висока цена.

Банско е природен резерват недалеку од нашето место на живеење. Повеќето од нас го знаат како центар за зимски спортови. Банско може да се пофали како еден од водечките зимски одморалишта во регионот. Модерните и квалитетните ски лифтови, жичари, топови за снег и останатите технологии за снег, редовното одржување на патеките, инфраструктурата  и целокупната организација околу скијањето овозможуваат вистинско уживање за љубителите на зимските спортови како скијањето и секако сноубордингот за кој има се поголем интерес. На ова треба да се додадат и големите инвестиции во тој регион благодарејќи на кои Банско е збогатен со исклучителни и модерни хотели кои се врвно опремени за потребите на клиентите од удобноста на акомодацијата, ентериерот и мебелот, преку спа центрите, базените, теретаните и просториите за рекреација, одличната храна и секако квалитетниот персонал.  За крај тука е прекрасната природа и еколошки чистата средина. Сето тоа создава еден прекрасен сплет на услови кои креираат идеална прилика за да побегнете од грижите и да си го пружите долго заслужениот одмор Вам и вашата фамилија.

Но Банско се повеќе добива на популарност и надвор од зимската сезона. Зеленилото, природата, чистиот воздух и гореспомнатата хотелска организација го прават Банско идеално прибежиште во текот на целата година во сите годишни времиња, на пролет кога се е расцветано и зелено, на лето кога температурата е многу попријатна од градовите или на есен со восхитувачките златно-жолти пејзажи. Дополнителен мотив плус за да заминете на Банско вон сезона се и примамливите понуди и цени што се нудат во тие периоди од годината.

Ние како kupinapopust.mk следејќи ги трендовите во туризмот и се поголемиот интерес за Банско одлучивме со посебно внимание да се посветиме на ова познато одморалиште со тоа што отворивме посебна категорија само за него. Во зависност од вашиот буџет, како и вашите барања постојано склучуваме договори со хотелиерите со кои ќе бидат задоволени вашите желби за идеален одмор. Прифатливите цени и високото ниво на сместување се најважните аспекти кои ние се потрудивме да ги обезбедиме за вас. 

Кликнете Like на нашата фејсбук фанстрана и пријавете ја Вашата електронска адреса на нашата официјална веб страна kupinapopust.mk и ќе бидете во секое време запознаени со понудите што ова преубаво место ги нуди. 

Големиот избор на активности, сместување и комодитети Ви овозможува да го доживеете и уживате Банско на Ваш начин.




Thursday, November 6, 2014

Скијачки центар Банско

Банско – Балканскиот Сент Мориц


Моментално е ноември и почнуваме да размислуваме каде ќе го поминеме зимскиот одмор за оваа 2014 година. Бугарија е земја која нуди одлични зимски услови, за супер уживање и одличен зимски престој. Банско е еден од најдобрите ски центри во Бугарија,со голем број на скијачки терени, ски-лифтови, огромен број на хотели, апартмани, луксузни сместувања, за сите видови барања на луѓето.

Банско

Се наоѓа на планината Пирин, на надморска височина од 925 метри, со голем број на скијачки терени, каде љубителите на зимскиот спорт можат да си овозможат  прекрасен зимски одмор од предобрите услови што ги нуди Банско.
Посетеноста на оваа локација во зимскиот период е секоја година во поголем подем, голем број на луѓе од Европските држави го посетуваат овој прекрасен зимски центар на збиднувања кој нуди прекрасни услови.

Нашата официјална веб страна http://kupinapopust.mk/all/category/%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-25 нуди одлични понуди  за овој зимски центар, сместувања во луксузни хотели и апартмани. Зимата е посебно време со посебна убавина. Снегот си нуди услови за одмарање на чист воздух, топол дом покрај камин со вашите најблиски.

Имате голем број на понуди и сместувања во банско хотели.  Ние можеме да ви понудиме неколку видови на хотели:
  • ·         Хотел Евелина Палас
  • ·         Хотел Банско Спа
  • ·         Кемпински Хотел Grand Arena 
  • ·         Апарт Хотел Lucky 
  • ·         Хотел Глазне
  • ·         Хотел Лион 
  • ·         Хотел Рахофф
  • ·         Хотел Балканско Бижу 
  • ·         Хотел ЕделВаис Ин 
  • ·         Хотел Кап Хаус
  • ·         Хотел Анели 
  • ·         Хотел Каза Карина
  • ·         Хотел Парк Гардениа 
  • ·         Хотел Рила 
  • ·         Хотел Стражите 

Доколку сте се одлучиле или сте направиле избор на понуда која најмногу во прилега, нели нормално во согласност со финансиската состојба, дали имате потреба од спа центри, апартмани со фул опрема, со мини барчиња, мини кујни итн.
Банско е одлично место за краткотраен викенд или пак за една седмица да се опуштите да уживате и да го избегнете загадувањето од големиот град, надвор од бучавата  каде мирот и тишината се во преден план.



За повеќе информации проверете ја нашата веб страна http://kupinapopust.mk/all/category/%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-25  и разгледајте ги сите понуди што ги нудиме, дури до 90 % попуст.

Имајте пријатен викенд во Банско.

Следете на нашите социјални мрежи: