Monday, December 29, 2014

Сместување во Bansko Royal Aparthotel



Падна првиот снег во Скопје,конечно и ние малце да видиме чист воздух. Ама проблемот е во тоа што станува премногу ладно, патиштата се затворени, плановите за Нова Година се одложуваат е тоа е зимското невреме, се е замрзнато цел месец уфф страшно.
Затоа решението е планина, има многу снег, но сувиот студ е намален, поради обилните врнежи од снег. Но ако ве затрупа снегот тогаш останувате подолго на планина отколку што сте замислиле. Само да знаете дека треба да се обезбедите со исечени дрва за целиот месец а може и два,поради тоа што најавата за зимава кажува дека обилните врнежи нема да прекинат.
Банско е идеално место за уживање на ова време, има многу снег но и услови да се справиш со него, нормално е тоа на место каде снегот не ги “изненадува“ во декември хахаха.
Во Скопје имаше изјава дека снегот ги изненадил повторно а тоа е 27ми декември, замислете како е возможно снегот да изненади во сред зимско годишно време, ама тоа е мојата чудесна земја Македонија.
Кога сме кај снегот и Банско, малце да позборуваме сакав за тоа дали ви одговараат цените оваа година во Банско или сепак би оделе во Маврово. Логично е дека нема да идете во Маврово, цените се поставени како да сте на Алпите а не на планината Бистра во Маврово. Не дека го омаловажувам овој скијачки центар ама приоритет е да се помине по ефтино иако знаеме дека зимскиот одмор е многу поскап од летниот, факт.
На нашата веб страна имаме голем број на понуди од хотелите во банско па сакам да ви понудам неколку интересни понуди кои ние ги нудиме. Доколку сте сами и имате желба само да скијате или бордате, ова е идеална понуда за вашето сместување.

Royal Bansko Aparthotel



Комплекс Ројал Банско е изградена во 2008 година. Тој се состои од четири блока, кои се наоѓаат во една зграда. Уникатната глетка која се набљудува од комплексот го прави екслузивна атракција како во зима, така и во текот на летото. Мирот и тишината што гостите можат да го почуствуваат и најдат го претвораат во еден од најпосетените комплекси во Банско. Се наоѓа на околу 750 метри од почетна станица на жичарницата и на околу 350 метри од ски патеката.
Комплексот располага со СПА центар кој опфаќа затворен базен, кој во текот на летото може да се користи и како отворен кога вратите се отвораат и се излегува во градината. Две сауни, две парни бањи и фитнес центар. Има свој ресторан и лоби бар, паркинг.
Ројал Банско располага со четири вида апартмани- студио, пентхаус, едноспален и двоспален стан, од кои секој е опремен во целост, вклучувајќи и со кујнска опрема, што создава дополнителни удобности за незаборавен одмор во Банско.

Понуда:


За 1240 денари (20 евра) добивате едно ноќевање за едно лице на база полупансион  (појадок+вечера), плус добивате бесплатно користење на затворен базен со минерална вода, бесплатен превоз до гондола, безбеден паркинг, детско катче, фитнес, сауна, парна бања. Искористете го попустот од 50% во хотел Royal Bansko Aparthotel  и имајте совршен зимски одмор.
Оваа понуда е феноменална, достапна скоро за секоја особа, воопшто не е скапа, поготово за сите овие работи што ги нуди самата понуда.


Што добивате?


·         Едно ноќевање во студио за едно лице на база полупансион (со вклучен појадок и вечера)
·         Бесплатно користење на затворен базен со минерална вода
·         Бесплатно користење на фитнес, сауна, парна бања
·         Бесплатен превоз до гондола
·         Безбеден паркинг
·         Детско катче
·         Хотелско осигурување и туристичка такса
·         Одлична можност за релаксирање и уживање во снежниот и прекрасен Банско
Валидноста на ваучерот подигнат преку kupinapopust.mk , е од 02.01.2015 до 31.01.2015 година. За искористување на попустот потребно е да се оствари минимум 2 ноќевања од страна на едно лице.

Како да го купите ваучерот?

Пред да го купите ваучерот, потребно е да се јавите во хотелот +359 893 414 992 или на email: reservation@royalbansko.com  за да резервирате соба. По потврдната информација дека има слободна соба во од 24 часа го купувате ваучерот. Единствениот код од ваучеротго испраќате на email на хотелот како доказ дека сте платиле. При check-in во хотелот потребно е да го прикажете ваучерот испечатен со единствениот код кој претходно сте го испратиле на email на хотелот.
·         Максималниот капацитет на студиото е 2 возрасни и 1 дете до 4 години.
·         Максимален капацитет на едноспален апартман е 2 возрасни + 1 возрасен; 2 возрасни + 2 деца до 4 години; 2 возрасни + 1 дете до 14 години
·         Максимален капацитет на двоспален апартмане 4 возрасни + 1 возрасен; 2 возрасни + 2 деца до 4 години; 4 возрасни + 1 дете од 4 до 14 години
·         За деца до 4 години е бесплатно
·         За деца од 4 до 7 години се доплаќа 40% од цената на редовно легло директно на рецепција во хотелот
·         За деца од 14 до 17 години се доплаќа 80% од цената на редовно легло директно на рецепција во хотелот
·         За возрасен се доплаќа 75% од цената на редовно легло директно на рецепција во хотелот

Програма за полупансион

·         Појадок/ 07:30 – 10:00 часот
корнфлекс, мусли, кравјо сирење, кашкавал, шунка, колбаси, шпеков салами, маслинки, домати, краставици, млеко,јогурт, млеко свежо, пржени јајца, варени јајца, пржени парчиња, мини кроасани, баница со сирење, мекици, слатко, мед, масло, овојше според сезоната, леб, кафе, чај, сок од пост микс.
·         Вечера/ 19:00 – 21:00 часот
Секоја вечер различни готвени јадења од различни интернационални кујни, 3 видови салати, скара, во соодветно врем, скара во дворот на комплексот, различни видови на месни и безмесни мезе и јадења, десерти и овошје, леб.

За повеќе информации проверете на нашата веб страна, во категоријата Банско на следниов линк:

http://kupinapopust.mk/all/category/%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%BE-25

No comments:

Post a Comment