Wednesday, December 24, 2014

Условите кои ги нуди ски ресортот Банско



Добро утро. Уште едно ладно утро во градот Скопје, ама овој пат замрзнато се, степени под нулата, луѓето завиткани во шалови, покриени со дебели бунди, капи на главите, и целосна зимска опрема за да се заштитат од овој ладен бран.
Загадениот воздух, самата гужва не тера да почнеме да размислуваме како да се тргнеме од овој хаос, од маглата што секојдневно се повеќе и повеќе ја има во Скопје. Индустриите не превземаат ништо, за да најдат решение за испуштените гасови што ги дишеме, решение да се тоа се острани или намали, да се воведе ред зашто е претерано загаден воздухот во нашиот град.
Доаѓа Нова Година 2015, па почнуваат секаков вид на планови, каде ќе одиме, што ќе правиме оваа зима, и каде за целиот празничен одмор, како ќе го искористиме овој слободен простор што зимата ни го овозможува.

Го препорачувам Ски Центарот Банско,Бугарија.

Банско Ски терени


Цената на дневниот ски билет чини 55 лева или околу 28 евра, па моето мислење кажува дека не е многу скапо, но самите вие пресметајте дали е тоа скапо или ефтино. Но едно добро да знаете дека ќе скијате на истите стази на кои скијала речиси целата светска елита во овој вид на спорт, почнувајќи од Алберто Томба, Херман Маер, Ања Персон, Линдзи Вон и други ..
На стартот пред почетната станица на гондолата во Банско или како што самите Бугари го нарекуваат „кабинков лифт“, сабајлето во девет часот е вистински хаос од луѓе, турканици и гужви насекаде. Едно јануарско утро, бев таму на истото место во таа огромна толпа на луѓе, со бордот на грб и чекам ред во долгата колона, каде имаше луѓе од сите места во светот, зборуваа на различни јазици. За да се дојде до место во гондолата се чекаше подолго од половина час, со што и се осеќаше нервоза кај луѓето. Но таа нервоза не е како во 5ка автобус со градска линија во Скопје, туку снегот и најубавото зимско сонце ти прават да бидеш многу поопуштен и смирен. Но нестрпливоста е преголема за да се качиш горе на скијачките стази распослани на северните падини на планината Пирин.

Понекогаш природата и човекот умеат да создадат прекрасни дела, а овој зимски скијачки центар е доказ за тоа. Од многу мал скијачки центар со неколку жичарници и ски лифтови, и стари хотели, за десетина години, малото гратче со околу 10 000 жители се претвори во балканскиот Сент Мориц. За тоа придонесоа изградбата на голем број нови хотели и инвестицијата од 130 милиони евра во модерен ски центар. 
Денеска Банско е најатрактивната зимска дестинација во Бугарија, но и во регионот, со скијачка сезона која трае речиси половина година.
Од градот до скијачките терени може да се стигне со автомобил или пак со гондола. Потребни се околу 25 минути и со едното и со другото превозно средство. Но јас би го одбрал возењето со гондола поради тоа што е многу поинтересно, но и поскапо логично. Билетот за еден билет чини десет евра. Кога се возите во гондолата или на некоја од жичарниците можете да приметите туристи од различни места, бидејќи Банско привлекува туристи од цела Европа и Светот. Најбројни од сите според мене се Англичаните и Русите, реално им е многу ефтино затоа и се најбројни, но не заостануваат ниту посетителите од соседните земји Македонија,Грција,Србија и Романија. Годишно Банско го посетуваат над 600.000 туристи. Прекрасната природа и дивите планински предели наликуваат на зимски пејсаж насликан од рацете на врвен сликар. Особено е импресивен погледот додека се возите на жичарницата кон највисоката скијачка патека Бундерица која се наоѓа на надморска височина од 2560 метри.
Само да ве предупредам оваа ски патека не е дозволена за секого, не смеете да бидете аматер на скиите или пак на сноубордот, се препорачува доста искуство, поради тоа што ова задоволство може да ве чини живот. Брзината со која се спуштате надоле е педесетина километри на час, по добро подготвената ски теренска патека. И нормално следува загревање со кафе или пак добро чајче кое не ве чини многу едно до две евра, или пак некое пивце. Вкупната должина на 16те скијачки стази е над 75 километри а цената на дневниот ски билет чини 55 лева или околу 28 евра, па самите пресметајте дали е тоа лесно достапно за вас или пак ви изгледа многу скапо. На истиве ски патеки скијале и најпознатите скијачи од целиот свет како Алберто Томб, Херман Маер, Ања Персон и многу други.

Како еден од 5те ски центри во Европа, Банско е рај за релаксација.

На нашата веб страна можете да ги најдете сите понуди поврзани со Банско и сите од нив имаат минимум  50% попуст, со одлични сместувања ..

Повеќе информации на следниов линк:



No comments:

Post a Comment