Wednesday, December 17, 2014

Патувања во Банско,Бугаријa

           Често сме заробени во стеги на монотонија, репетитивно секојдневие, дежаву дневни активности, додека во себе чувствуваме потреба од инспирација, макар и краткотрајна промена, различно поднебје, бегство од рутината, како и учење нешто ново различно и интересно.
Во сржта на човековата природа е љубопитството, истражувањето, учењето, размената на идеи и замисли, откривањето на нови култури и средини. Патувањата се духовна храна која ги дразни токму тие инспиративни и креативни центри кои континуирано и неуморно бараат разгалување. Кога ќе размислите за убавите моменти и спомени од вашите животи често пати патувањата биле токму дел од тоа. На патувања се запознаваат нови луѓе, се раѓа нова романса и љубов. Исто така се збогатуваме со нови глетки, нови пејзажи, учиме за историјата на некој народ, пробуваме нова храна, полеваме нови искуства во нашиот живот, се развиваме внатре. Музеите, историските споменици, културни манифестации, локалитетите и знаменитостите се неизоставен дел доколку се одлучиме за патување во урбана средина. 

Од друга страна пак благопријатното и медитативно дејство на природата, чистиот воздух, рекреативните и спортските активности како скијањето, пливањето, искачувањето и слично се благодетите кои ни ги овозможува патувањето во  природните средини. Тука се секако и хотелските услуги и комодитетите што тие ги нудат, бањите, сместувањето, спа центрите и сауните, масажите, персоналот кој е тука за ваша обврска да биде единствено опуштањето. И повеќе од познато е здравствениот ефект што патувањата го имаат. Самиот факт што менуваме средина го разбива секојдневното делување и ни ја поттикнува фантазијата, активностите за време на патувањата го зацврстуваат апетитот за телесна и ментална стимулација, го оставаме стресот од работа подобрувајќи го со тоа дејствувањето на целиот организам, и секако патувањата имаат вистинско и моќно афродизијачко дејство.
  
Скромно, но се позачестено се развиваат и хотелските сместувања како и локалитетите и во нашата Македонија, покрај традиционалниот Охрид, приватни и модерни сместувања никнуваат и низ природните околини на Крушево, Берово, Битола, Маврово, Лазарополе и останати домашни прекрасни места кои се на дофат на рака, со пристојни цени и на само 200-300 километри од нас. Освен овие наши места за патување тука се и зимските центри во овој дел од годината, т.е зимскиот период каде Банско е најпосетуван ски центар во Европа.
За жал се помалку време имаме за некое убаво патување. 

Современиот начин на функционирање подразбира кусок на време и финансии и растргнатост помеѓу фамилијарните и работните обврски од една страна и работните задачи и кариерата од друга, давајќи ни малку изгледи да направиме некој чекор во некоја убава дестинација. Дополнителен и отежнувачки фактор е и тоа што сакаме да направиме добар избор и да донесеме правилна одлука за нашиот одмор, а и немаме доволно познавање од самите области, сместувањето и условите нити пак имаме доволно време да се фокусираме на тоа. Патувањата неразделно се асоцираат со годишните одмори. Логично, тогаш имаме време да се посветиме и да уживаме во некоја друга дестинација и локација, да спакуваме куфери и безгрижно да отпатуваме и да се опуштиме. Не само што обично поретко патуваме во периодот кога не сме на годишен одмор туку и воопшто и не размислуваме за тоа. Со самото тоа периодот посветен на патување во текот на целата година најчесто е во рамките од 10 до 20 дена, што не е ни 10% од вкупниот број на денови во една година.

Убавината на патувањата и благодетите што тие ги нудат од една страна, а недостаткот од време, средства и организација од друга отвараат комплексни прашања. Како да го зголемам  обемот на моите патувања и посетени места? Дали ќе успеам да го искоординирам домашниот буџет согласно моите желби за одмор? Како да знам дека ја одбирам вистинската дестинација со најдобрите услови?

Предизвикот за нас како kupinapopust.mk е да ве одведеме Вас до идеалните патувања.  Одбираме квалитетни угостители, притоа договарајќи најповолни цени. Патувањата не мора да бидат само службени и за време на годишниот одмор ниту пак мора да бидат скапи. Ние ви нудиме широк избор на типови на патувања од еднодневни екскурзии до дводневни и викенд дестинации, празнични понуди и секако повеќедневни и годишни одмори.  Без разлика кои и да се вашите побарувања, доколку ја посетите нашата веб страна и доколку ја оставите вашата е-маил адреса нашиот тим ќе биде вашиот водич низ патувањата.

Проверете ги нашите понуди за Банско на нашата веб страна:


No comments:

Post a Comment