Friday, December 19, 2014

Зимската идила Банско



Кога доаѓа зимскиот период почнуваме да размислуваме каде да одиме со своите најблиските , својата најблиска или најблизок за да се одмориме и релаксираме од веќе постоечките обврски што ни следуваат и што до сега сме ги имале.
Пред некоја година научив да бордам со даска, од кога се качив првпат несакав да се симнам. Токму во Банско научив да возам сноуборд. Искрено никогаш не сум знаел дека тоа е најубавото чувство и еден добар адреналин што ми овозможува прекрасно чувство, исполнетост и уживање.

Бугарија е земја со многу предности, често луѓето од Македонија патуваат за оваа земја, не само во зимскиот период, туку голем број од нив одат на шопинг во Софија, Благоевград, Пловдив, а во летниот период се користи одличниот ноќен живот, плажите на Црно Море и преубавите хотели со базени, спа центри и сите ексклузивни потреби, со еден збор оваа земја има многу повеќе да понуди од Банско ски центарот.

Но кога станува збор за сега, за нова година, се одвиваат патувања за овој зимски центар во преголем број, преплавено е од туристи, кои најчесто ги користат веќе постоечките понуди на попуст на нашата веб страна kupinapopust.mk , каде можете да ги разгледате сите можни понуди, не само за Банско,туку за неколку видови на локации за релаксирање и опуштање далеку од  метежот кој секој ден  го среќаваме.



Мојот предлог за да одберете некое од нашите патувања, секако е Банско. Неколку пати сум имал прилика да го посетам, да уживам во неговите прекрасни убавини, пејсажи, да скијам, да возам сноуборд и друго. Кога веќе станува за сноуборд е тоа е веќе мојата слаба точка, ама да не претерувам можам да кажам дека тоа ми е еден од омилените спортски активности. Не многу сакам снег, ама кога одам на планина на неколку дена, нема никакво друго задоволство што може да го покрие задоволството што го нуди чистиот воздух, снегот, планината, топлиот дом, закуските, пијанките и голем број на дружења во Банско.

Ние како kupinapopust.mk следејќи ги трендовите во туризмот и се поголемиот интерес за Банско одлучивме со посебно внимание да се посветиме на ова познато одморалиште со тоа што отворивме посебна категорија само за него. Во зависност од вашиот буџет, како и вашите барања постојано склучуваме договори со хотелиерите со кои ќе бидат задоволени вашите желби за идеален одмор. Прифатливите цени и високото ниво на сместување се најважните аспекти кои ние се потрудивме да ги обезбедиме за вас. 

Клкнете Like на нашата фејсбук фан страна и пријавете ја Вашата електронска адреса на нашата официјална веб страна kupinapopust.mk и ќе бидете во секое време запознаени со понудите што ова преубаво место ги нуди. Големиот избор на активности, сместување и комодитети Ви овозможува да го доживеете и уживате Банско на Ваш начин.

За повеќе информации околу понудите и нивните попусти конкретно за овој зимски центар можете да ги најдете на следниов линк:




No comments:

Post a Comment