Monday, December 22, 2014

Кој е вашиот план за зимскиот одмор?

 

Денеска едвај се разбудив сабајле,ладно камен, а треба да станам да се облечам и да тргнам на работа. Од што ми е толку убаво,топло, а надвор демек некое сонце грее, ама сонце со заби, гризе, сув студ, ама убав чист воздух.
Излегувам од дома, се качувам во автобус и тргам за на работа. По пат гледам по планините бела покривка, паднало снег скоро секаде. Ми се борда ми се плаче, ама како кога сум на работа од 9 до 5 како да возам борд кога не сум во можност.

Мојата работа е SEO, не би се сакал да се пожалам, но би било поубаво да работам сам од дома, во домашни услови, каде креативноста би била подобра и поефикасна, а не да се мрзнам на работа, зашто газдата ми штеди струја, ми се качува на глава за да сум проверел некои глупости, или пак дали банерот или сликата имале добар квалитет. Абе незнам како да му кажам дека јас сум Content Writer, Online Marketing, поима неам од дизајнот на сликите и банерите, ама исто како на дрво да му збориш, во моментот разбира и по некое време се тоа изветреало.

После сите обврски наутро, размислувам на убави нешта сега, а тоа е како да се разбудам на некоја планина, со многу снег, во топол дом покрај топол камин, ѓумбе сеедно ми е не дека мора да биде камин. Убавината во се тоа е кога твојата најмила лежи до тебе, надвор вее снег без прекин, се полни белата покривка.
Само што дојдов на работа, и дознавам дека една од понудите за зимскиот центар Банско е одлична, многу ефтина, па одма сакам да си ја букирам за себе.


Зoшто Банско?


Па искрено е најблиску, цените се реално достапни скоро за сите, нуди одлични услови за зимување, а најважно од се супер ски терени, за да можам да си ја испробам новата даска и опрема за бордање. Уфф едвај чекам, замислете каков адреналин е тоа.
Освен природните убавини, банско има голем број на кафани, механи, каде се служи прекрасна гурманска и вегетаријанска храна. Одлични закуски, греано вино за убави спомени, и еден куп топли напитоци, дружба од соништата со своите најблиски, со еден збор овој зимски ски центар е идеално место за мене а и за вас.

Ние од kupinapopust.mk нудиме огромен број на понуди за ова идеално место, со попусти дури и до 90%, лесно достапни за сите купувачи, и сите оние кои имаат голема желба да присуствуваат на ова прекрасно место, да уживаат во прекрасните пејсажи, да се релаксираат, и најдоброто од се за мене е тоа што конечно ќе го доловам потребниот адреналин.
Се ова функционира на еден едноставен начин, седнуваме пиеме по три до четири ракии, зимска опрема се облекува комплетно, даската на грб и тргаме нагоре до врвот.

Чувството е неопишливо, не се објаснува со зборови, затоа би ви предложил на овој следен линк да ги проверете сите понуди за Банско, и што е можно побрзо да одите, поради навала од туристи,затоа бидете први што ќе ги купите овие понуди, и разгледајте ги хотелите кои нудат одлични сместувања и услови од кои ќе бидете изненадени и вчудоневидени.

Букирајте си додека е време !

Се гледаме во Банско оваа зима 2014/2015.

Понудите на следниот линк:




No comments:

Post a Comment