Thursday, December 18, 2014

За Нова година во Банско


Како што одминува месец  Декември така се зголемува новогодишната еуфорија поврзана со тоа каде ќе се слави и со кого. Реално владее и малку напнатост помеѓу луѓето и обично помладите луѓе го доживуваат тој ден како некаков спектакл кој треба да се одбележи со голема прослава. Петарди, конфети, огномет , украси, елки, дедо мразовци и друго се само дел од амбиентот со кој се обележуваат новогодишните празници. Славењето на овој ден различно се доживува во секоја земја во зависност од културата и менталитетот на населението. Кај нас, во Македонија, често се прославува на плоштад затоа што секогаш има организирано концерт и огномет. Некои одлучуваат да останат дома, а помладите се собираат по станови или пак одат на некое патување.
Интересна за анализа и дебата е психологијата на луѓето на тој празничен ден. Нова година е, сите се среќни, владее еуфорија на опуштеност и блискост. Зарем не треба така да го живееме секој ден!? Постои притисок дека на тој ден треба да се јаде и пие повеќе, да се пее и игра повеќе од нормално. Чуден е тој феномен на доживување на новогодишната ноќ.
Како што луѓето стареат, така и созреваат и се помалку еуфорично го доживуваат овој ден. Многу луѓе на овој ден се коцкаат со цел да си ја пробаат среќата и да видат дали во наредната година ќе им тргне на арно од финансиска гледна точка. На овој ден се случуваат и многу нови познаства помеѓу младите. Нова година е, сите се малку поопуштени и отворени кон запознавање. Навистина чудна е психологијата на луѓето на овој ден.



Наша препорака како еден од подобрите начини да се прослави нова година е да се замине на некое патување. Патувањето може да биде во некој нов град или на планина во некое туристичко место.  Во Македонија, а и во нејзиното соседство има многу турустички центри кои нудат одлични услови за незаборавно доживување. Вреди да се напоменат Банско, Боровец, Пампорово, Златибор, Копаоник, Маврово кои не само со својата природна убавина, туку и со изградената инфраструктура нудат одлични услови за незаборавен одмор и прослава за новогодишните празници.


Како би требало новогодишната ноќ да изгледа?


Прашање е на вкус, но секако би било прифатливо уживање за секого доколку се соберете со пријатели покрај камин, отворите домашно црвено вино, подготвите убава скара. Добрата музика и одбраното друштво се секако еден од клучните фактори за добра забава. Со добар муабет и позитивни луѓе околу вас нема ни да осетите кога дошло 12 часот кога почнува одбројувањето и дочекот на новата година. Не сте ни приметиле кога и малку сте се опиле од убавата атмосфера и вкусното вино и еве веќе сте во новата година. Без напнатост, притисок и принудена еуфорија. Едноставно и убаво. Така би требало да се прославува секоја нова година. Викаат како ќе ви тргна на првиот ден од новата година, така ќе ви тера низ целата година. Затоа, само опуштено...:)

Често ќе наидеме на изрека или оправдување од многу луѓе во стилот:
Јас знам како да ја прославам новата година и каде да одам, ама нема пари.
Затоа ви ги препорачуваме промотивните понуди преку веб страната www.kupinapopust.mk, поточно категоријата Банско, Патувања и Нова година каде ќе најдете примамливи аранжмани по супер промотивна цена. 

Повеќе инфо на следниве линкови:


Новата година прославете ја опуштено и конзумирајте умерено храна и алкохол. Бидете во друштво кое ви одговара и споделете љубов со луѓето од вашето опкружување. Така секоја нова година ќе си поминувате убаво и ќе доживеете убави моменти на кои со радост ќе се сеќавате.

Имајте убав празничен зимски одмор во Банско.

   

No comments:

Post a Comment