Friday, December 19, 2014

Каде за Нова Година?



Уште неполн месец и доаѓа денот за забава. Преполн со изненадувања денот сам по себе си носи одлични спомени. Нова Година е поим што не често се случува т.е тоа е еднаш во годината. Тоа е тоа што овој ден го прави посебен. Но освен оваа работа , овој ден го прават посебен повеќе нешта, што укажуваат дека празникот се ближи или пак веќе стигнал.
Подароците, спремањето на трпезата, зимската идила, светилките , украсите, огнометите, големите забави, журки, фестивали, организирани концерти сето тоа е дел од Нова Година.
Нашата препорака е каде да ја поминете оваа прекрасна вечер. Дали сакате да одите на некое патување со вашата или пак вашиот најблизок, дали сакате да ја поминете дома со вашите најблиски пријатели во топла атмосфера или пак нешто друго, прашање е вкусот на луѓето.
Уживањето и опуштањето на овој ден е задолжително, потребно е многу храна и пиење, да знаете дека тој период од годината обавезно ја зголемувате тежината, само можете да се запрашате дали можете да одолеете на овие убави вкусни меса од прасе, некое добро пилешко што ќе не задоволи со полно срце, некое добро вино што ќе ја стопли таа атмосфера покрај некој камин.

Јас минатата година не излегов од државата за Нова Година, бев во нашиот источен град Берово. Имаше снег до половина, со еден збор вееше снег без да прекине 52 часа. Бевме затрупани два дена, не отидовме ни до продавница, јадевме тоа што имавме останато и погледот ни беше упатен низ прозорот со цел дека снегот ќе намали. Знаете дека најдобро чувство е кога ќе заврне толку снег, што убавината доаѓа по неговото прекинување.
Прекрасна зимска идила доживувате кога сте во Берово, поготово делот кај Беровското Езеро. Ова езеро во зима е предобро, има црвена боја, алгите зреат, излегуваат на површина и езерото добива таков сјај како од бајките.

За нова година е посебно од било кој период од годината. Тогаш Берово е преполно со туристи. Храната во дел од кафанчињата е супер вкусна, ја имам пробано, истестирано, ефтино, достапно за секого. Најубавиот момент што јас го имам доловено и осетено на себеси е шопската салата, ништо поразлична од нашата овде во Скопје, ама начинот на кој што ја сервираат и служат е многу уникатен. Во овој период од годината, нова година, оваа салата ја носат во посебни чинии, ама тие чинии се посебни поради тоа што тии чинии се од топло, крцкаво, печено во фурна лепче. Салата се растура целата, а чинијата е прва што ја започнувате да ја јадете. Ова е салата каде чинијата не се враќа назад туку целата е во вашиот стомак. Примамливо нели.

Затоа ви ги препорачуваме промотивните понуди преку веб страната www.kupinapopust.mk, поточно категоријата Банско, Патувања и Нова година каде ќе најдете примамливи аранжмани по супер промотивна цена. 

Повеќе инфо на следниве линкови:


Новата година прославете ја опуштено и конзумирајте умерено храна и алкохол. Бидете во друштво кое ви одговара и споделете љубов со луѓето од вашето опкружување. Така секоја нова година ќе си поминувате убаво и ќе доживеете убави моменти на кои со радост ќе се сеќавате.



No comments:

Post a Comment